Познато е дека Столе никогаш не сакал да зборува за својот приватен живот, но работата на естрадните новинари е секогаш да ја информираат јавноста и за приватниот живот на познатите личности…

Објавил: Весна Петровска | 29 јануари, 2020 14:12

ЧЕСТИТКИ: Столе Стоилов ќе стане татко!

Фото/Текст извор: ©онлајн магзин

Еден од нашите најдобри ракометари – Столе Стоилов, наскоро ќе игра на уште една многу важна позиција во својот живот, за која воопшто не се сомневаме дека ќе биде одличен. Столе Стоилов наскоро ќе стане татко, пишува Еспресо.мк

Да, добро читате. Нашиот најдобар пикер за многу скоро ќе се оствари и во таа нова улога. Неговата избраничка, која досега не ѝ е позната на јавноста, се вика Деница и е од Скопје.

За нивната љубов знаат само најблиските, а она што ѝ е познато на редакцијата на Еспресо.мк, Деница е по професија уметник.

Познато е дека Столе никогаш не сакал да зборува за својот приватен живот, но работата на естрадните новинари е секогаш да ја информираат јавноста и за приватниот живот на познатите личности…

Од порталот пишуваат дека се обиделе да стапат во контакт со Столе за потврда на оваа информација но не добиле одговор.

Извор: Еспресо.мк

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.