Тој вели дека очекува и убав пречек кој ќе биде незаборавен иако треба да се вратат утревечер околу полноќ.

Објавил: Рејхан Бајрами | 2 јуни, 2019 23:02

ЧУПИЌ: Една екипа, еден живот, една љубов – ВАРДАР!

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Ракометарот Иван Чупиќ, е првиот што успеал да освои титули откако се игра Фајнл фор турнир во Лигата на шампионите.

Иван Чупиќ е хрватски ракометар кој настапува за РК Вардар и Ракометната репрезентација на Хрватска. Тој е првиот што успеал да освои титули откако се игра Фајнл Гор, турнир во Лига на шампиони.

По вечерашниот натпревар тој изјави дека живее во градот каде тој и неговото семејство ги обожаваат. Тука одлично се снајдовме со целото мое семејство. Навивачите се најдобрите во светот, вели Чупиќ.

„Моите три круни откако се игра Ф4 остануваат во втор план. Вардар е на прво место и најважно е тоа што е првиот кој успеал да освои две титули во три години. Доколку Вардар не беше на првото место немаше да се случи ништо од она што се случи во оваа сезона. Една екипа, еден живот, една љубов. Така беше на теренот, така беше и надвор кај нашите навивачи. Така живеевме во текот на целата година. Со сите добри и лоши работи. На крајот се покажа дека екипата е пред сè друго“, вели Чупиќ за 24 Ракомет.

Тој вели дека очекува и убав пречек кој ќе биде незаборавен иако треба да се вратат утревечер околу полноќ.

„Јас доживеав сè прекрасно. Живеам во градот каде мене и моето семејство не обожаваат. Тука одлично се снајдовме со целото мое семејство. Навивачите се најдобрите во светот. Имам нешто во главата за она што може да се случува, а што ќе биде не знам. Веројатно ќе биде над моите очекувања. Сите што утре ќе не чекаат го заслужуваат тоа. Јас се надевам дека тие ќе прослават и дека ќе прославиме и ние и дека тоа ќе биде нешто незаборавно“, изјави Чупиќ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Ракомет

Вечерва во Скопје падна селекцијата на Швајцарија(29-28), а Филип Кузмановски по мечот изјави дека противникот беше многу мотивиран за да слави победа, но напомена дека оваа Македонија нема да му попушти никому.

Квалификации за ЕП: Македонија ја совлада Швајцарија

Ракометната репрезентација на Македонија со победа ги запечати најуспешните квалификации...

Чиле одржуваше предност од два гола (2-4, 4-6, 5-7). Со мини серија од два гола, на Стоилов и Костески израмнивме во 16 минута на 7-7. Првиот гол Лазаров го постигна минута подоцна.

Чиле ПАДНА НА КОЛЕНА: Македонија оди во главна фаза на СП!

Македонската ракометна репрезентација го доби дуелот со Чиле со 32-29 (16-17) и обезбеди...

Еден од ракометарите на „вардарци“ во изминатите денови покажал симптоми на болеста, а по тестирањето добил позитивен резултат, по што се наоѓа во самоизолација.

Коронавирусот се врати во РК Вардар!

Лоша вест за РК Вардар – коронавирусот се врати во редовите на актуелниот европски...