Министерката Шеќеринска самата на себе си доделила половина милион денари преку министерството за одбрана

Објавил: Мирко Бачиќ | 5 август, 2018 6:35

Шеќеринска го сака НАТО за грант[че] од 500.000 денари

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Имено министерството за одбрана доделило грант од 500 илјади денари на невладината организација “Евроатлански совет на Македонија” – невладина во која членува министерката Шеќеринска.

Невладината добила грант за таканаречена “Школа за НАТО” а скандалозно е што на интернет страницата на невладината пишува дека токму министерката членува во нејзе. Сето ова отвора простор за сомнеж за постоење на корупција при доделувањето на грантот.

Во најмала рака симптоматично е што на чело на невладината “Евроатлански совет на Македонија” пак се наоѓа Исмет Рамадани – владин функционер и личен советник на Заев. Да се потсетиме дека токму тој минатата недела на Македонците им се заканување дека доколку не прифатат промена на името – ќе има војна.

“Албанците ќе бидат коректни во целиот процес – но ако не успее овој договор и ако ги загубиме сите шанси за НАТО и ЕУ – тогаш не гарантирам за коректноста на Албанците во нивното однесување понатаму. Ако не успееме да влеземе во НАТО и ЕУ – може да се случи еден крстопат – нешто друго што нема врска со демократски процеси – евроатлански процеси.” – изјави тогаш Рамадани.

Министерството за одбрана доделило и 400 илјади денари на Институтот за европски политики со кој во моментов раководи Симонида Кацарска – ќерка на Димитар Кацарски – кој од СДСМ е именуван за заменик Јавен обвинител на Република Македонија. Симонида Кацарска многу веројатно е дека и лично се познава со Шеќеринска – бидејќи своевремено била вработена во Секторот за евроинтеграции токму кога министерската за одбрана раководела со оваа институција.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.