Анализа на начинот и стилот на работа на Радмила Шеќеринска во СДСМ

Објавил: Узунов Бобан | 4 јануари, 2019 9:19

Шеќеринска игра византиски игри и расчистува се пред себе

Фото/Текст извор: ©магазин

Поранешната пратеничка од СДСМ и поранашен  претседател на Градската организација во Скопје, Софија Куновска жестоко ја критикува Радмила Шеќеринска и актуелната влада за кадровските решенија и политиките кои ги спроведуваат.

Во последниот фејсбук статус таа ја обвини Радмила Шеќеринска дека “расчистува” со потенцијалните конкурентки во партијата. 

Го поздравувам ставот на Шекеринска во кој „жали што се уште се прашуваме дали е време за жена претседател на Македонија“ и што „само во Македонија може се уште да се видат фотографии  од политички активности на кои не може да видите ниту една жена“.

Истовремено, жалам што самата не се смета себеси за речиси најодговорна за таквите состојби, откако како креатор на политиките на највисоко ниво, ја расчисти скоро сета „женска понуда“ околу себе.  

Во фејсбк статус од септември 2018 година Куновска жестоко го искритикува и Зоран Заев со зборовите „Дечко, ај не шири демагогии, туку прво престани да пушиш во работни простории. Еден закон за пушење не почитувате, камоли друго. По тебе и сите други. Се крстат Европејците кога ве гледаат. Тоа ли се европски вредности и европски навики? Ти не можеш себеси во Европа да се однесеш, а не па нас“

Како личности кои биле жртви на византиските игри на Шеќеринска,  Куновска ги споменува д-р Илинка Митрева, професорката Славица Грковска, д-р Каролина Астеруд Ристовска, Весна Бендевска, но и многу други во низата.

Начинот на кој Шеќеринска го одржувала приматот во СДСМ, Куновска го објаснува со зборовите

Во византиските игри на Шекеринска, кога станува збор за учество на жените, најпосакувани кадровски решенија се често жени претставнички на помалите коалициони партнери или независни кандидатки, со што себеси си овозможува полесен маневарски простор за нивна елиминација кога и да посака, бидејќи така се исклучува можноста за градење партиска кариера и структура внатре во самата СДСМ.

Куновска во оваа група на жени кои не биле опасни по тронот на Шеќеринска ги споменува Солза Грчева, Љубица Буралиева, Лилјана Поповска како и пратеничките кои доаѓаат од редот на шарените најверојатно мислејќи на Ивана Туфегџиќ и Ирена Стефоска. 

На крај Куновска ја повикува Шеќеринска да покаже принцип а не личен интерес

Затоа, можеби е време конечно – за да се покаже принцип, а не личен интерес – токму Шекеринска за претседател на РМ да предложи и поддржи кандидат жена, а тоа да не е таа самата.

Мирјана Лазаревска Трајковска, Илинка Митрева,  Наташа Габер… се само некои од  можните кандидатки со навистина висок углед во нашата држава, но и надвор од неа.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.