На возачот од автобусот му се заканува „тешко дело против безбедноста во авто сообраќајот, рече портпаролката на обвинителството Александра Џенадиќ.

Објавил: admin@magazin | 22 март, 2019 15:25

Шоферот на автобусот откри како и ја откина раката на водителката на ТВ ПИНК Деа Ѓурѓевиќ !

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Во Основниот Суд во Белград во својство на осомничен, сослушан е Б.Ј возачот кои управуваше со автобусот, денот кога и ја откина раката на познатата водителка на ТВ Пинк, Деа Ѓурѓевиќ.

На возачот од автобусот му се заканува „тешко дело против безбедноста во авто сообраќајот, рече портпаролката на обвинителството Александра Џенадиќ.

Оваа тешка сообраќајна несреќа се случи на 7 февруари во 6 часот на утро, кај болницата „Драгиша Мишовиќ.

Б.Ј за несреќата изјавил дека го окривува лизгавиот пат, на кој се излеала вода а потоа замрзнала, и на тој начин автобусот бил спречен да застане на време и ако тој почнал да кочи на време.

Три лица беа потешко повредени во сообраќајната несреќа која се случила кај болницата “Dr. Dragiša Mišović” во Белград.
Во несреќата учествуваа неколку патнички, како и возила од градскиот превоз. 

 

Тој смета дека автобусот бил уреден со кочниците и системот се било во ред. Тој додаде од кога патниците излегле од автобусот после несреќата, почнале да се лизгаат на патот.

Возачот изјави големо жалење за се што се случило, наведувајќи дека цело време се распрашувал за водителката и каква е нејзината состојба. 

Обвинителството наскоро планира да испитува и сведоци, односно учесниците во сообраќајната несреќа, како и самата водителка кога ќе биде во можност.

До несреќата дошло така што Деа имала полесен судир со друг автомобил, а во моментот кога излегла од автомобилот за да се договори со другиот возач што да прават, на неа налетал автобус кој ѝ ја откинал раката.

Иако според првичните информации се сметаше дека докторите ѝ ја ампутирале раката на местото на несреќата, тоа не се случи.

Имено, водителката останала без рака кога ја удрил автобусот, пренесува Телеграф.рс, но за среќа докторите успеаја да и ја сошијат раката и таа сега се наоѓа во добра здравствена состојба.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.