НАТО не бара само модернизација на армијата туку и политички одлуки како промена на името и импелемтирање на двојазичноста т.е. држава на албанскиот и македонскиот народ

Објавил: Мирко Бачиќ | 21 август, 2018 9:28

Што бара НАТО од нас а ние не смееме да знаеме?

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

НАТО ги испорача барањата кои треба да ги исполниме за по успешен Референдум за промена на името и негирање во постоењето на македонскиот индентитет да станеме 30-та членка.

Но барањата кои беа достапни за јавноста во основа подразбираа воена соработка и стандардизација кои Армијата на Република Македонија која во последно време и за министерката Шекеринска е Армија на Република Северна Македонија треба да ги исполни.

Но што всушност сака НАТО од нас а ние не смееме да знаеме?

НАТО или Северноатлантската алијанса е меѓународнa безбедносна организација која била создадена со потпишувањето на Северноатланскиот на 4-ти април 1949 година. Седиштето на НАТО се наоѓа во Брисел – Белгија и организацијата претставува систем за колективна одбрана со кој нејзините држави членки се обврзуваат за заедничка одбрана во одговор за напад од надворешни лица. Во воениот сојуз до сега членуваат 29 земји членки а Македонија под уставното име е призната од 20 што е над 2/3.

НАТО иако е воен сојуз бара политички одлуки. Имено Владата на Македонија ги прими упатствата на НАТО кои треба да се исполнат во временски период од 18 месеци како што беше наведено на Самитот на Алијансата што се одржа на 11-ти и 12-ти јули. Македонија мора да исполни голем број политички – економски – безбедносни и судски услови а успесите на земјата мора да бидат крунисани до крајот на април 2020-та година.

Значи во НАТО нема до средината на 2020-та година?

Во документот испратен до институциите за сите министерства има многу задачи но нивната координација ќе биде направена од страна на Координативен совет на владино и министерско ниво кој се очекува да помине на седница на извршната власт следниве денови.

Во документот испратен од генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг има и политичките услови што земјата мора да ги исполни?

Продолжување на владеењето на правото и реформите во судството вклучувајќи го зајакнувањето на независноста на судството и преземање активни чекори за зајакнување на одговорноста за корупција и организиран криминал вклучително и на високо ниво.

Да се зголемуваат напорите за изградба на функционално мултиетничко општество засновано на целосна имплементација на Охридскиот рамковен договор.

Целосно спроведување на сите пропишани внатрешни процедури во однос на договорот за решавање на прашањето за името што е услов за успешно завршување на процесот на пристапување.

Да се обезбеди поголема отчетност и соодветен надзор над разузнавачките и безбедносните служби. Имплементацијата на препораките од меѓународните партнери и законите донесени од декември 2017-та година во оваа област.

Покрај политичките барања документот нагласува бројни услови во областа на одбраната и војската.

Да се осигура дека нема уставни или законски ограничувања кои би можеле да ги попречат колективните одбранбени операции да се проверат внатрешните процедури за испраќање на вооружени сили во странство.

Да се осигура дека сите стратешки насоки за развој – трансформација и функционирање на националниот систем на одбрана и способностите се во согласност со идното членство во НАТО.

Да се започне со спроведување на плановите за реструктуирање и модернизација на вооружените сили со цел постигнување на планираните воени капацитети и развивање на поспособни – расположливи и одржливи сили способни да придонесат на мисиите на Алијансата.

Одржување на нивото на расходи за одбраната што е доволно за поддршка за преструктуирање и модернизација на вооружените сили што ќе овозможи ефективен придонес кон Алијансата.

Во рамките на реформите предложени од НАТО,земјата мора да исполни низа услови во областа на безбедноста – правните работи и ресурси кои вклучуваат тендерски процедури – како и обезбедување на буџет за заедничко финансирање на програмите на Алијансата. Разговорите меѓу Македонија и НАТО се очекува да започнат следниот месец додека како што е наведено во документот врз основа на досегашното искуство може да траат до април 2020 година кога се очекува финализација преку ратификација од страна на земјите членки и официјално Скопје.

Значи во НАТО само кога Албанците ќе станат втора нација во Македонија – откако ќе се имплементира Законот за употреба на јазиците и откако ќе се промени името на државата и одредбите од Договорот со Грција со кој се негира постоењето на Македонската нација во целост.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести