Ѓорчев посочи дека граѓаните во Македонија со право се разочарани од Заев и Владата бидејќи ништо не направија за државата. И се осврна дека ќе биде вклучен во кампањата и ќе помага на кандидатите. А, неработењето на градоначалниците на СДСМ дополнително ќе им донесе победа на кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ.

Објавил: Перо Милчин | 16 февруари, 2021 20:52

Ѓорчев: Кога свитата на Заев преговара, Македонија губи, со оваа гарнитура нема црвени линии

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Владимир Ѓорчев, секретар за меѓународна соработка на ВМРО-ДПМНЕ вечерва гостуваше во емисијата „Само Вистина“ каде што посочи дека став на партијата е дека треба да има етничка припадност во личните карти.

“Ставот на ВМРО-ДПМНЕ е дека треба да се даде таква можност“, рече Ѓорчев.

Ѓорчев додаде дека природно и нормално е да се користи името Македонија секогаш.

„Секогаш кога Зоран Заев, СДСМ, Димитров и целата таа свита преговара, Македонија губи. Значи ние последниве 3-4 години има ли за нешто за што сме се израдувале? Нема. Има ли некоја ситуација каде што ни се наполнило срцето? Не. Ние сме понижени и опљачкани. Македонија никогаш не била попонижена и поопљачкана. Така што не сум оптимист дека било што добро ќе испреговараат, а она за што сум сигурен е дека сето она што сме го граделе и создавале, за она за што сме се бореле со генерации, децении и векови, дека со невидена леснотија ќе биде пуштено низ вода“, Ѓорчев.
Ѓорчев додаде дека овие четири години се всушност години на понижување на Македонија, за македонскиот народ. Со оваа гарнитура нема црвени линии. Со оваа гарнитура око не им трепнува за работи за кои што на сите ни тежат, кои што се длабоки, кои што се дел од македонскиот идентитет, битисување.
„Истовремено ние во оние згради на „Илинденска 2“ или „Илинденска бб“ имаме неразбрани трговци“, истакна Ѓорчев.

Ѓорчев посочи дека нема човек во Македонија кој што му верува на Зоран Заев.

„Дојдовме до тоа министер во Владата на Македонија, Бојан Маричиќ од СДСМ и тоа треба да пишува и ќе го пишува еден ден во историските читанки, со свој допис и циркулар вели се забранува користењето на терминот Македонија“, рече Ѓорчев.
Ѓорчев додаде дека поради Заев и СДСМ не смее граѓанин дома, во своите домови да каже Македонија.
„По рангирањето на Македонија на 111-то место „Транспаренси Интернешнл“ укажува на арамилак, на крадење од Буџетот, од државата. Никогаш не било полошо. Значи меѓународна институција „Транспаренси Интернешнл“ вели Македонија е на најлошо место во изминативе 30 години и тоа е на 111-то место“, рече Ѓорчев.

Ѓорчев посочи дека граѓаните во Македонија со право се разочарани од Заев и Владата бидејќи ништо не направија за државата. И се осврна дека ќе биде вклучен во кампањата и ќе помага на кандидатите. А, неработењето на градоначалниците на СДСМ дополнително ќе им донесе победа на кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Интервју

„Има документи, согласности, уснени согласности, телефонски разговори, за секој пациент докторите се должни да ги информираат. Ние први воведовме видеоконференција

Жан Митрев: Не се плашам од обвинение, ќе се докажувам и 100 години ако треба – никогаш не сум рекол дека хемофилтрацијата е лек

Неговиот вечерашен јавен настап во кој се бранеше од наводите во документарниот филм...

Зошто никој не зборува за германскиот предлог во времето на владата на Меркел, од нивното претседателство, каде исчезна тој?

Имам информации дека владата на Ковачевски го прифатила предлогот од Париз

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вчерашното гостување во емисијата...

„Јас не се занимавам со економијата на семејството, колку пари кружеле… Добро е, дојдете еден ден кај мене дома, зборувајте со мојата сопруга“, рече Ахмети.

Ахмети не знае колку чини маслото за јадење: Зборувајте со сопругата, не се занимавам со економијата на семејството

Лидерот на ДУИ Али Ахмети во гостувањето во емисијата „Клик плус“ на ТВ21кажа дека...

Вели дека е подготвен во секој момент да седне на маса и да разговара за сите теми со Ковачевски, но на тие средби ќе мора да се разговара и за предвремени ибори.

Мицкоски: Немам намера никого да уценувам, подготвен сум во секој момент да седнам на маса

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски тврди дека блокадата на Собранието не е начин...