Поранешната висока функционерка на ВМРО - ДПМНЕ и поранешна министерка за внатрешни работи, и со сите судски постапки, остана достојна на своето искрено однесување

Објавил: Мирко Бачиќ | 13 септември, 2018 14:03

Јанкулоска на судење со “Веспа”

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Откако фотографиите ги преплавија социјалните мрежи и медиумите, и самата Јанкулоска ги постираше и искоментира во ФБ пост.

Јанкулоска често беше мета за своите приватни фотографии постирани на социјалните мрежи и тоа најчесто од СДСМ кои ја осудија предвреме.

Имено вчера низ социјалните мрежи се пласираа фотографии од поранешната министерка Гордана Јанкулоска, како вози “веспа” мотор низ Скопје, истите беа предмет на изненадување, затоа што сите сметаа дека Јанкулоска со оглед на судските процеси во кои е обвинета премногу е загрижена за својата безбедност.

Со цел да им возврати со поздрав, на својт ФБ профил, фотографиите ги објави и самата Јанкулоска со коментар дека “слики стигаат од сите страни, ако (не)треба”.

На една фотографија од фотографскиот колаж се гледа и дел од Кривичниот суд, каде Јанкулоска често ги поминува деновите.

Но како новородилка има чести паузи во судските рочишта од 1.5 до 2 часа, па очигледно решила дека “веспата” ќе е најидеалниот превоз низ скопскиот сообраќаен метеж. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести