Несвесно Заев се пофали дека Атина го прифатила условот на Минов за постепена примена на Преспанскиот, со што прашање е дали Минов сега ќе ги гласа уставните измени

Објавил: Мирко Бачиќ | 6 декември, 2018 12:43

Ја најави ли Заев поддршката за уставни измени од Панчо Минов?

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

На првата јавна расправа по предлог четирите нацрт амандмани за уставни измени и измени на Преамбулата, премиерот Заев несневно го спомна и името на пратеникот на ГРОМ, Панчо Минов.

Премиерот Заев соопшти дека за уставните амандмани се консултира со Грција а како прифатливи ги оцени предлозите на Панчо Минов за постепена примена.

Откако Заев со тоа индиректно потврди дека и барањата на Минов за поддршка за уставни измени се прифатени, се обиде да балансира со додавањето дека и предлозите на Илија Димовски за вметнување на Уставот од 1991 година во преамбулата се прифатливи.

По ова јавно се отвора поголема неизвеснот дали пратеникот на ГРОМ, личен пријател на градоначалникот на Кавадарци, Панчо Минов ќе ги поддржи уставните измени во финалната фаза.

Имено остануваат уште 4 јавни расправи за уставните амандмани. По нивното завршување Владата во рок од два дена треба да достави извештај до Собранието и конечна верзија на текстот по што ќе се пристапи кон гласање за што во третата фаза неопходно е двотретинско мнозинство.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.