Платите во Македонија за јуни за 300 денари помали од оние во мај? Каде се 500 евра плата?

Објавил: Мартин Попоски | 21 август, 2018 13:21

Јунската плата пониска во споредба со мајската

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Просечната плата во Република Македонија за месец јуни е за нешто повеќе од 300 денари пониска во однос на истата во месец мај покажува најновото соопштение на Државниот завод за статистика.

Просечната месечна исплатена нето плата по вработенво јуни 2018-та година изнесува 24.203 денари што е за нешто повеќе од 300 денари помалку во однос на просечната исплатена нето плата во месец мај.

Просечната нето плата во месец мај според Државниот завод за статистика била 24.509 денари или за 306 денари повеќе отколку во јуни.

Од предизборните ветувања на СДСМ стојат оние од 2016-та година дека просечната плата ќе биде 500 евра но и ветувањето дека специјалистите лекари ќе земаат почетни 100.000 денари плата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Економија

Треба да се нагласи дека во сите споменати земји минималната законска граница за пензионирање обично е повисока од 65 години и е во процес на зголемување.
Во Германија – првиот сосед на Франција – се погласни се барањата за работа до 70 години.

Возраста за пензионирање во Германија постепено се зголемува – од 65 на 67 години, што треба да се случи до 2031 година.

Колкави се пензиите во Европската унија, а колкави во регионот?

Франција е земја со втора најголема јавна потрошувачка за пензии во ЕУ, зад Грција...

Станува збор за прецизирање на одлуката за повластена стапна што Владата ја донесе на 28 септември, но минатата недела се создаде конфузија откако дел од производите што беа опфатени со оваа мерка се најдоа и на листата од околу 1 000 продукти за кои ДДВ-то се зголеми од пет на 10 проценти како „луксузни производи“.

Основните прехранбени производи остануваат со повластен ДДВ од пет отсто

Основните прехранбени производи остануваат со повластена стапна на данок на додадена...