Соопштение на ТРЕТА политичка организација во формирање

Објавил: Македонка Димкин | 10 јули, 2018 8:00

Љупчо Палчевски: ДУИ е одговорна за смртта на Никола Саздовски

Фото/Текст извор: ©трета.мк

Заменикот министер за внатрешни работи, Агим Нухиу е човекот кој директно го прикривал убиството на младиот Саздовски.

ТРЕТА очекува од ДУИ да побара одговорност од сопствениот кадар во Министерството за внатрешни работи. Убиството од Саздовски е само последица на тотално партизираната МВР и доминантната не казнивост на партиските војници на политичката партија на Албанците ДУИ, објави Љупчо Палевски на ТРЕТА

Ова убивање на деца во центарот на Скопје е последица од неказнивоста на Бекир Асани кадар на ДУИ како и смешната и криминална изјава на Министерот Спасовски, за „пајакот кој ја нападнал младата полицајка„

Доколку Спасовски не реагира веднаш, ризикува народниот и оправдан бес да го присвои за себеси, додаде Палчевски

На социјалните мрежи се појавија и првите фотографии на убијците на младиот Никола Саздовски, кои што поради непотврдениот идентитет сеуште нема да ги објавиме.


Љупчо Палевски е поранешен функционер на СДСМ а денес најголемиот гласен противник на моменталната политика на СДСМ и Зоран Заев

Аналитичарот Љупчо Палчевски на јавноста и е познат по многу работи:

Во далечната 2006 година тој се офајди од еден судски спор, имено Министерството за транспорт и врски на 22 Март 2006  и официјално обзнанува дека поранешниот функционер на СДСМ, Љупчо Палевски добил отштета од 71 милион денари. Министерството за транспорт и врски во декември 2005  му исплатило 71 милион денари односно 1,16 Милиони Евра.

Минатата година Палчевски повторно постана актуелен по социјалните мрежи откога јавно го повика неговиот опонент Бранко Геровски (Уредник на  порталот Плусинфо и главен гласник на Зоран Заев) и потоа го посипа со две бои црвена и жолта (како симбол за Македонија) јавно и пред камерите .

Денес, Љупчо Палчевски е бизнисмен од Скопје кој е силен гласноговорник и противник на промената на уставното име на Република Македонија а од неодамна тој е на пат да основа политичка партија под името „ТРЕТА„ 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.