И Министерството за образование и наука потврди, но не појасни, колкав дополнителен паричен надомест ќе зема Димитрова следните 4 години за сместување и џепарлак

Објавил: Мирко Бачиќ | 7 септември, 2018 8:19

Ќерката на Димитров ќе добива 4 години и месечен надомест од 814 долари?

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

По реакциите на Министерството за образование и наука кои се далеку од она што го поставивме како прашање, и изјавата на министерот за надворешни работи Никола Димитров, кој имаше лична, интимна изјава, Министерстото за образование и наука отвори ново прашање.

Дали Јана Димитрова, освен школарината од 40.000 евра, ќе добива и по 814 долари месечно, студентски надомест за сместување и џепарлак?

Имено за периодот за четири години студирање што се 48 месеци Димитрова ќе добие и 39.072 евра на име студентски надомест?  Што е скоро идентично колку и целата школарина?

И прашањето беше дали одлуката за доделување на стипендија беше во екот на забраната за финансиски исплати по Изборен законик? Дали Маринела Маричиќ Тушева, поранешна пратеничка од СДСМ и сопруга на приот советник на Заев за надворешна политика, Бојан Маричиќ претседавала со Комисијата? Каде бил претседателот на комисијата Бардуљ Туши и кој е неговиот став?

На Димитрова според соопштението на Министерството за образование и наука и следи и месечен надомест за сместување и џепарлак кои ги добива на лична сметка, но не е наведена и висината на износот и од што тој зависи?

Интегрален текст на Министерството за образование и наука на Македонија:

“Министерството за образование и наука неколку години наназад доделува стипендии за македонски граѓани кои аплицираат и ќе успеат да се запишат на прв, втор или трет циклус на студии на некој од најдобрите 100 светски универзитети согласно Шангајската ранг листа.

Одлука за доделувањето на стипендиите носи соодветна комисија составена од претставници на МОН и на академската заедница во Република Македонија, која може и се состанува по потреба, односно по пристигнување и на само една апликација за овој тип на стипендии.

Комисијата ги разгледува документите кои се бараат согласно објавениот конкурс и доколку апликантот ги исполни сите услови и критериуми, се носи позитивна одлука и решение. Дали апликантот има родители/старатели и дали извршуваат јавна функција, работат во државната администрација или во приватниот сектор, како и нивниот материјален статус, никогаш не било критериум. Секој кој ги исполнува условите има право на овој тип на стипендија и досега правото го искористиле повеќе од 200 апликанти.

Согласно конкурсот, Министерството доделува стипендија најмногу во висина до 40.000 американски долари на годишно ниво за покривање на трошоците за уписнина на апликантот. Доколку износот на уписнината е поголем, разликата ја надоместува апликантот. Доколку пак, износот на уписнината е помал од 40.000 американски долари, Министерството го надоместува тој износ, додека разликата до 40.000 американски долари НЕ му се префрла на сметка на апликантот.

Овие средства (до 40.000 американски долари на годишно ниво) всушност, се префрлаат директно на високо образовната установа каде студентот е запишан, односно тој воопшто не ги добива на неговата сметка. Напоменуваме и дека тие не се исплатуваат во истиот ден кога комисијата носи одлука за одреден апликант кој ги исполнува условите, да му биде доделена стипендија. По одлуката на комисијата, се носи решение, потоа следи потпишување на договор со Министерството за образование и наука, чии стручни служби стапуваат во контакт со службите на странската високо образовна установа и се утврдува периодот на уплата на средствата, по претходно добиена фактура.

Дополнително, како што е секогаш наведено во конкурсите, на студентите им се исплатува и месечен паричен надоместок во зависност од земјата во која се наоѓа високо образовната установа (сместување и храна) и за еден повратен авионски билет. Овие средства се префрлаат на сметка на апликантот.

Комисијата води записник за секој организиран состанок.“

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести