Талат Џафери потврди дека референдумот е многу врева за ништо и дека без разлика на исходот тој правно ќе ги легитимира Законот за јазиците и Договорот од Преспа

Објавил: Мирко Бачиќ | 25 септември, 2018 12:46

Џафери по референдумот ќе ги објави во Службен и Закон за јазици и Договорот од Преспа

Фото/Текст извор: ©тв21.тв/магазин.мк

Само прогласениот претседателот на Собранието, Талат Џафери, нелегитимен во својот избор, ги повтори своите ставови дека волјата на граѓаните не му значи ништо.

Во своето гостување во емисијата  “Клик Плус” на Тв 21, Талат Џафери алијас Командант Форина, изјави дека Законот за употреба на јазиците и договорот со Грција во врска со прашањето за името, по референдумот ќе бидат испратени за да бидат објавени во Службен весник.

Јас и претходно сум го кажал, и еве повторувам попрецизно. По завршувањето на референдумот, и Законот за употреба на јазиците и Законот за ратификација на договорот со Грција ќе се испратат до Службен весник. – изјави Џафери.

Со ова целосно паѓа во вода лагата на СДСМ и ДУИ дека граѓаните во недела на 30 септември ќе одлучуваат за било што.

Џафери останува на ставот да ги објави и двата спорни закони кои добија вето од Претседателот Иванов кој одбива да ги потпише, да бидат објавени во Службен Весник на Република Македонија само со негов потпис што е основ за кривично дело.

Како во истрагите од судскиот процес за инцидентот во Собранието од 27 април се појавија цврсти докази дека Талат Џафери не е избран ни на легален начин а најмалку со неопходната поддршка од 61 пратенички глас.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.