Во општина Бутел 300 ученици од социјално ранливи семејства добија зимски јакни

Објавил: admin@magazin | 25 декември, 2018 10:23

300 деца од социјални семејства добија зимски јакни

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Градоначалникот на општина Бутел Велимир Смилевски, денеска им подели зимски јакни на 300 ученици од социјално ранливи семејства од основните училишта во општината. Детските зимски јакни се донација од компанијата „Здравје Радово“.

Од невладината организација „Македонски центар за граѓанско образование“ (МЦГО) општина Бутел доби уште една донација во која има 100 јакни за возрасни, 100 дождовни мантили и 50 носачи за бебиња.

Градоначалник на општината е Велимир Смилевски. Бутел е четврта по големина општина во Скопје, осма по бројот на жители, а произлегла од општина Чаир во 2005 година.

Нивната распределба ќе биде направена по новогодишните празници.-За секоја пофалба се ваквите општествено корисни компании кои мислат на најмладите. Особено добредојдени се подароците во пресрет на новогодишните и божиќните празници кога дечињата се најрадосни. Во случајов, јакните ќе им бидат добредојдени на учениците за време на зимскиот распуст, изјави градоначалникот Смилевски.

Во 2017 година, општината имала вкупно 586 вработени, од кои 56 биле вработени во општинската администрација, а останатите во општинските јавни претпријатија.Градоначалник на општина Бутел е Велимир Смилевски. Тој бил избран на локалните избори од 2017 година за мандат од четири години.Советот на општина Бутел е составен од 19 члена.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.