Последните неколку месеци во Албанија се фатени над 4.000 илегални мигранти на кои криминалците им земаат од 500 до 1.500 евра за нелегален премин во Црна Гора или Италија

Објавил: Мирко Бачиќ | 20 август, 2018 10:46

88 мигранти за два дена откри албанската полиција

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Првата група од 32 Сиријци и Палестинци сите мажи откриена е откако илегално ја минале границата. Втората група ја сочинувале 22 имигранти исто така мажи од Сирија а биле откриени во автобус. Во третата група од 34 имигранти имало мажи жени и деца.

Албанската полиција за два дена откри три групи со вкупно 88 нелегални имигранти главно од Сирија во близина на преминот Капштица на албанско грчката граница кај Корча.

Откако дале изјави во Управата за граница и миграција тие се транспортирани во Центарот за азил во Бабру во близина на Тирана.

Од регионалниот полициски комесаријат во Корча потврдуваат дека зачестиле групите нелегални имигранти од Блискиот Исток кои преку зелениот појас на границата со Грција влегуваат на албанска територија. Нивна цел е само транзит да минат низ Албанија и да го продолжат патот кон Црна Гора а од таму кон некоја западно европска земја.

Полициската статистика потврдува дека во изминатиот период од годинава посебно во последните неколку месеци откриени се околу 4.000 илегални имигранти главно од Сирија – Ирак – Авганистан и Северна Африка.

На трговците со луѓе за да бидат пренесени до црногорската граница им плаќаат по 500 евра додека за Италија 1.500 евра по човек.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.