Агушев вчера од Пандев го доби како подарок дресот кој нашиот капитен го носеше на историскиот натпревар!

Објавил: admin@magazin | 14 ноември, 2020 9:36

Eве кој го доби дресот на Пандев од мечот со Грузија

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Македонската фудбалска репрезентација го оствари најголемиот успех во историјата и за првпат ќе игра завршен турнир на Европско првенство. Во финалниот натпревар од Лига Д на Лигата на нации, завчера во Тбилиси ја совлада Грузија со 0-1 (0-0) и со гол на легендарниот капитен Горан Пандев ја израдува нацијата. 

Најдобриот македонски фудбалер во историјата Горан Пандев, ќе добие труба од македонскиот музичар Џамбо Агушев, кој исто така по потекло е од Струмица.

Македонија на Европското првенство ќе игра во група со Австрија, Холандија и Украина.

Агушев вчера од Пандев го доби како подарок дресот кој нашиот капитен го носеше на историскиот натпревар! По ваквиот убав гест на Пандев, навивачите побараа за возврат музичарот да му ја даде трубата на капитенот.

-E саа Џамбо да е фер и да му даде трубата на Гочето, напиша Димитар Стоилков на социјалните мрежи.

По ова, со коментар се јави и Џамбо Агушев кој порача:

Значи со задоволство ќе му дадам една труба на нашио крал. И така имам дома 20 труби. Поздрав до сите вас!

Македонија на Европското првенство ќе игра во група со Австрија, Холандија и Украина.

Инаку Пандев против Грузија го одигра 114 тиот натпревар за фудбалската репрезентација на Македонија и  има постигнато 34 гола!

Српски Блиц под наслов ,,  До денес беше херој а од сега Божество’’ пишува дека 12 ноември ќе биде испишан со златни букви во историјата на македонскиот фудбал а Горан Пандев дека досега беше херој и најдобар фудбалер а од денеска Божество.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.