Пандев, Елмас и Ангеловски се воодушевени од условите и опременоста на центарот. Нивниот успех и кондицијата и во следниот период ќе се оплеменуваат токму овде.

Објавил: admin@magazin | 8 јуни, 2021 12:15

ПАНДЕВ, ЕЛМАС И АНГЕЛОВСКИ ВО НАЈДОБИОТ ПРЕМИУМ ЦЕНТАР НА „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“- ОВА Е ЕВРОПСКО

Фото/Текст извор: ©магазин.мк
 

Фудбалската еуфорија кулминира пред стартот на Европското првенство, а спортскиот натпреварувачки дух во следниот период ќе ги потенцира заедништвото, гордоста на успесите и очекувањата за што подобар резултат на македонската фудбалска репрезентација. Фудбалерите веќе нè направија горди, а кон нив сега е целиот притисок да ја комплетираат приказната.

Сега најдобрите меѓу нив добија и нов пријател – Клиничката болница „Аџибадем Систина“. А токму таму од неодамна функционира Премиум центарот за здрав живот и физикална терапија. Стрелците Горан Пандев и Елиф Елмас и селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски, добија Platinum member card од центарот, картичка со која имаат посебни бенефиции  во Клиничката болница „Аџибадем Систина“.

Премиум центарот за здрав живот што функционира во рамки на болницата е распространет на површина од 1.130 метри и е опремен со современи ординации и апарати за физикална терапија, сала со најмодерни справи за функционални вежби, сали за аеробик и пилатес, оддел за нутриција, парна бања, финска сауна, ВИП-соби за масажа.

Пандев, Елмас и Ангеловски се воодушевени од условите и опременоста на центарот. Нивниот успех и кондицијата и во следниот период ќе се оплеменуваат токму овде.

Се работи за еден прекрасен центар, кој ги нуди сите можности за работа, за рехабилитација. Опремен е на високо европско ниво и можам да кажам само секоја чест за идејата, концептот и реализацијата. Оние кои ќе имаат потешки повреди, особено ние, спортистите, кои почесто сме изложени на такви, ќе можат многу побрзо да се вратат на спортските терени“, вели најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев.

Станува збор за најсовремениот и најмодерно опремен центар за здрав живот во земјава кој на едно место нуди комплетна интегрирана грижа за здрав живот – физикална медицина и рехабилитација, нутриција и  диетологија и во него работи докажен тим на доктори, физиотерапевти, доктор по спортска медицина, нутриционисти, професионални тренери и сертифицирани инструктори со долгогодишно искуство зад себе.

Елиф Елмас е ѕвезда во подем, а за него светските медиуми пишуваа дека е дијамант во македонскиот фудбал. Самиот е воодушевен од центарот.

Искрено, според мене, овој центар има максимални услови кои се ставени на располагање на сите граѓани. Бев изненаден многу позитивно, првпат некоја болница дава услуги со ваков квалитет во физикалната и рекреативна рехабилитација. Се надевам дека другите болници ќе ги следат овие чекори во кои ‘Аџибадем Систина’ е пионер. Секоја чест“, вели Елиф Елмас.

Дополнително гордост за Клиничката болница „Аџибадем Систина“ е што на фудбалското првенство со репрезентацијата заминуваат и  нашите физиотерапевти Бојан Цаневски и Бојан Силјановски, кои ќе се грижат за здравјето и кондицијата на фудбалерите.

За Пандев и Елмас присуството на нашите физиотерапевти е исклучително важно за тимот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фудбал

Репрезентативците на Марково се вистинско изненадување на ова првенство. За потсетување, тие со својата пожртвувана игра претходно во осминафиналето успеаја да ја елиминираат репрезентацијата на Шпанија.


Фото: EPA-EFE/Ali Haider
Напаѓачот и најголема ѕвезда на Португалците, Кристијано Роналдо и овој меч го започна на клупата за резервни играчи. Во игра влезе во 51. Минута, кога селекторот на Португалија реши да го стави на местото на Рубен Невеш.

Португалија имаше доволно време да израмни, напаѓаше силно, но не успеа да ја затресе мрежата на одличниот голман на Мароканците, Боно.


Фото: EPA-EFE/Georgi Licovski
Мароко во полуфиналето ќе ги одмери силите со подобриот од вториот денешен четвртфинален натпревар на Светското првенство во Катар што ќе го играат репрезентациите на Франција и Англија.

Вчера во драматични натпревари, со пресврти за пласман во полуфиналето се изборија репрезентациите на Хрватска и Аргентина кои се првата полуфинална двојка.

Мароко испиша историја: Ја победи Португалија и оди во полуфинале на Светското првенство во Катар

Мароко во полуфиналето ќе ги одмери силите со подобриот во вториот денешен четвртфинален...

Триумфот го донесе Александар Трајковски. Милевски емотивно заедно со останатите играчи го прослави големиот успех, а има и две причини за радост. Првата е секако победата над Италија, а втората е дека денес (25 март) му е роденден!

Благоја Милевски е роден во 1971 година во Скопје. Полни 51 година, баш заедно со победата над Италија. Селекторе, среќен нека е и само успеси со Македонија!

МАКЕДОНИЈА НАПРАВИ СВЕТСКО ЧУДО: Ја победи Италија на нејзин терен и обезбеди финален бараж за Мундијал!

Македонија ги елиминира европскиот првак Италија среде Палермо и дојде само на еден...