Безбедносната состојба во здравствените установи е целосно под контрола, тврди Ангелов.

Објавил: Македонка Димкин | 24 ноември, 2020 17:11

Од кого ќе ги штити Македонската војска болниците?

Фото/Текст извор: ©тв сител

Речиси 300 војници и 150 полицајци ќе бидат ангажирани во обезбедувањето на болниците низ земјава. Ќе бидат распределени онаму каде што има најголема фрекфенција на пациенти. По утринската седница на Управувачкиот комитет, директорот на ЦУК истакна дека овие бројки не се конечни и дека ќе зависат од побарувањата од Министерството за здравство.

Восјката само ќе асистира на полицијата и нејзина главна задача ќе биде да одржи ред во ковид центрите.

„Армијата ќе биде невооружена и ќе биде онаму каде што е неопходна потребата, но исклучиво како придружба на полицијата. Полициските службеници се тие кои имааа полициски овластувања, додека припадниците на армијата ќе им помагаат на нив, пред се за одржување на редот. Инцидентите кои се случуваат се осамени и ретки. Ние не праќаме војска затоа што граѓаните прават нереди во болниците, туку превентивно, да го одржуваат редот за да можат здравствените работници непречено да си ја вршат работата”

Безбедносната состојба во здравствените установи е целосно под контрола, тврди Ангелов. Дополни дека од планот за полициско и воено обезбедување на болниците ќе бидат изземени приватните болници, кои имаат сопствено приватно обезбедување.

Предлогот се најде и на денешната владина седница, а по неговото усвојување треба да го одобри и претседателот и врховниот командант на оружените сили Стево Пендаровски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.