По четири годишен политички карантин, утринава со фејсбук статус се појави поранешниот министер за надворешни работи Никола Попоски, кој анализира зошто партијата не успеала да извлече добар резултат на претходните избори.

Објавил: Катерина Крстиќ | 21 јули, 2020 17:27

Очајнички обид на Мијалков да го преземе ВМРО-ДПМНЕ, преку Никола Попоски

Фото/Текст извор: ©лидер.мк

Тесниот резултат на парламентарните избори го разбуди политичкото подземје. Озогласениот екс-директор на УБК, Сашо Мијалков, се обидува да создава внатрепартиски превирања во ВМРО-ДПМНЕ да ги минимизира шансите на партијата за било какво учество во наредната влада, анализира новинарот Љупчо Златев.

По четири годишен политички карантин, утринава со фејсбук статус се појави поранешниот министер за надворешни работи Никола Попоски, кој анализира зошто партијата не успеала да извлече добар резултат на претходните избори.

Ова појавување на Попоски, според сознанијата на „Лидер“ е директно иницирано од Мијалков кој уште на изборната вечер почнал да кова план за преземање на најголемата центар-десно партија во државава.

Во писанието, Попоски побара од раковотстото на партијата да се откаже од обидите на било каков начин да учествува во наредната влада и така власта да ја препушти на СДСМ.

-Веднаш да најавиме дека недвосмислено со оглед на исходот, остануваме во опозиција, ќе биде побезболно за членството, отколку да создаваме нереални надежи за да потоа ги разочараме дополнително по кој знае кој пат. Целосно ќе изгубат мотив. Не умирај магаре до зелена трева, на рати – не е идеална стратегија. – вели Попоски во своето пишување кое можете интегрално да го прочитате на следниот линк.

Попоски беше пратеник во претходниот пратенички состав, кој скоро никогаш не се појавуваше на собранската говорница и четири години немаше никаква политичка изјава. Не изнесе свој став за промената на името за чие менување не ни гласаше „против“ во Собранието.

За време на претходната власт, Попоски на пријателите им зборувл дека него го чекала цела Европа и дека имал загарантирано работно место во Брисел и преку 40 понуди за работа, но остана да си ја зема пратеничката плата без никаков ангажман. Сега, од нигде се појавува и покакажува политички амбиции.

Тој е долгогодишен кадар на Мијалков, вплетен во бројни скандали. Додека беше министер, неговиот татко беше директор во М-НАВ а неговата мајка беше дел од комисијата која праќа болни на лекување во странство. Министерството за надворешни работи го водеше во периодот кога земјата најмногу се оддалечи од евро-атланските интеграции, што заедно со неговиот ментор Мијалков го вбројува во групата на политичари кои само декларативно имаат про-западна агенда.

Попоски беше толку повлечен од политиката, што дури и на неговиот фејсбук профил сеуште стои постер од кампањата на ВМРО-ДПМНЕ во 2016.

За лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Попоски се споменуаше како фаворит на Мијалков и пред конгресот на кој победи Христијан Мицкоски во декември 2017. Тогаш тој се повлече, но, познато е и дека Никола Груевски во тие моменти говорел дека Поповски нема храброст да ја води партијата.

Како што дознаваме, претходните денови Сашо Мијалков го собрал тимот кој наводно треба да исценира немири во ВМРО-ДПМНЕ со ветување дека ќе ја преземат партијата. На Попоски му го понудил лидерското место, а на контроверзниот поранешен градоначалник на Аеродром, Ивица Коневски му било ветено местото генерален секретар. Мијалков дури одлучил и самиот да се промовира, па уште на изборната вечер креирал сопствена фејсбук страница која оди „спонзорд“ до ден денес.

Стратегијата на Мијалков преку своите поранешни структури да ја преземе партијата, веќе подолго време орбитира во скопските кругови, но, извори од ВМРО-ДПМНЕ брифираат дека овие одметници од партијата немаат никакви шанси да направат превирања, затоа што партиските структури се цврсти и се посветени на процесот на формирање на влада која би обезбедила нови избори во догледно време.

-Сашо Мијалков е исклучен од ВМРО-ДПМНЕ уште од октомври 2018 година. Тој се соочува со одење во затвор поради бројните кривични дела кои ги има сторено како директор на УБК и поради кои се водат судски процеси против него. Сакајќи да се спаси, тој коалицираше со СДСМ и им помогна во обезбедување на пратеници за промена на името, но и на последните избори. Сега повторно одработува за да го намали коалициониот потенцијал на ВМРО-ДПМНЕ по последниот изборен резултат. Мијалков би сакал партијата да биде негова за да се заштити од кривичен прогон со пазарења. Сепак, за тоа нема шанси, ВМРО-ДПМНЕ е обединето. – брифира за „Лидер“ висок функционер на ВМРО-ДПМНЕ.

Проценките се дека обидите на Мијалков да ја преземе ВМРО-ДПМНЕ преку Попоски се очајнички, но, останвуа да видиме дали тој има капацитет да ја измести партијата од шини на сред преговорите за составување на идната влада.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.