Еве ги, еден ме напаѓа и ме турка надвор, другите чекаат пред влез да ме тепаат.На крај, муабет и вадење пиштоли пред гостите кои ме бранат.Снимени на камера, МВР, мора да реагира!!!Автокоманда, доаѓам  со сите детали, за се што сте правеле!, напиша Златев.

Објавил: Катерина Крстиќ | 24 јули, 2020 18:01

ФОТО: Ова се лицата кои физички го нападнале новинарот Љупче Златев!

Фото/Текст извор: ©лидер.мк

Поради активност и заплашувања од хотел Мериот, морам да ја објавам сликата од обезбедувачите на Јордан Мијалков, напиша Љупчо Златев на Фејсбук, откако синоќа беше физички нападнат од обезбедувањето на Сашо и Јордан Мијалков во локалот „Трибека, Објави Лидер.мк.

Новинарот Љупче Златев јавно објави фоографија од лицата кои физички го нападнаа вчера вечер во скопскиот локал Трибека…

Еве ги, еден ме напаѓа и ме турка надвор, другите чекаат пред влез да ме тепаат.На крај, муабет и вадење пиштоли пред гостите кои ме бранат.Снимени на камера, МВР, мора да реагира!!!Автокоманда, доаѓам  со сите детали, за се што сте правеле!, напиша Златев.

Денес одам во полиција да однесам слика од напаѓачот. Утре сликата ќе ја објавам, а понатаму, ќе ја објавам цела група од Автокоманда која го чува Јордан Мијалков и го тероризира градот.Со слики и листа на злодела. Сакате војна? Ќе ја добиете! Мојата чест вреди, јас не сум најден на улица. Следно, ќе ги објавувам и џандарите кои ве штитат.Еднаш мора да се стави крај на подземјето контролирано од екс директорот на УБК. П.С. Пишувањата на Саше Политико и Јоци се доказ за коалицијата Мијалков – Заев!, напиша Златев на претходниот Фејсбук пост.

.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.