Охрабрувачки е што ниту еден вработен во болницата не е заразен, што укажува дека соодветни мерки на претпазливост можат ефикасно да спречат инфекција.

Објавил: admin@magazin | 11 април, 2020 23:37

КИНЕСКИ ВОЕНИ ЛЕКАРИ: Растојание од 2 метра не е доволно- Еве каде најмногу се задржува вирусот!

Фото/Текст извор: ©srbija danas магазин.мк

Новите истражувања кои ги испитуваат причините во воздухот во болничките одделенија со пациенти со позитивен Covid-19 откриле дека вирусот може да достигне и до четири метри – двојно повеќе од растојанието на кое треба да се придржуваат луѓето. 

Овие прелиминарни резултати од тим кинески истражувачи објавени во списанието Emerging Infective Diseases.
Истражувачи од академијата за воени медицински науки во Пекинг тестирале примероци од одделение во болницата „Хоушеншан“ во Вухан.

Откриле дека повеќето од вирусите биле на подот на одделот, припишувајќи го на гравитација и проток на воздух, што предизвикало повеќето капки вируси да паднат на земја.

Помеѓу 19 февруари и 2 март, биле сместени вкупно 24 пациенти.

Откриле дека повеќето од вирусите биле на подот на одделот, припишувајќи го на гравитација и проток на воздух, што предизвикало повеќето капки вируси да паднат на земја.

Високо ниво исто така е пронајдено на најчесто зафатените површини како компјутерски глувци и канти за ѓубре.

Исто така, половина од примероците од стапалата на медицинскиот персонал го носеле вирусот, а може да се заклучи дека стапалата на медицинскиот персонал можат да функционираат како носители.

Охрабрувачки е што ниту еден вработен во болницата не е заразен, што укажува дека соодветни мерки на претпазливост можат ефикасно да спречат инфекција.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравје

Дијагнозата во типичните случаи лесно се поставува врз основа на податоците од родителот за тегобите на детето,прегледот на детето и рутински биохемиски иследувања(леукоцити и леукоцитна формула ).

Кога се зголемуваат лимфните жлезди?

Зголемени лимфни жлезди не се ретка појава. Може да бидат последица на обична настинка...