Убиени беа четирите момчиња на возраст од 18 до 21 година од населбата Радишани: Филип Славковски, Александар Наќевски, Цветанчо Ацковски и Кире Тричковски, како и Борче Стевковски, 45 години, од селото Црешево. Убиствата се случиле меѓу 19:30 и 22:30 часот кога биле најдени телата на убиените. Обдукцијата врз убиените покажало дека во нив е пукано од три видови огнено оружје, зашто се најдени чаури од три различни типа муниција, што сугерира дека има повеќе од еден извршител на чинот.

Објавил: Катерина Крстиќ | 12 април, 2020 12:28

ОСУМ ГОДИНИ ОД МОНСТРУОЗНОТО УБИСТВО КАЈ СМИЛКОВСКО- Почивајте во мир!

Фото/Текст извор: ©википедиа фото лидер.мк

На 12 април 2012, пред точно осум години сурово беше одземен животот на петмина лица со огнено оружје кај езерото во атарот на селото Смилковци, близу Скопје.

Убиени беа четирите момчиња на возраст од 18 до 21 година од населбата Радишани: Филип Славковски, Александар Наќевски, Цветанчо Ацковски и Кире Тричковски, како и Борче Стевковски, 45 години, од селото Црешево. Убиствата се случиле меѓу 19:30 и 22:30 часот кога биле најдени телата на убиените. Обдукцијата врз убиените покажало дека во нив е пукано од три видови огнено оружје, зашто се најдени чаури од три различни типа муниција, што сугерира дека има повеќе од еден извршител на чинот.

Осум години од петкратното убиство кај Смилковското езеро. Кобниот Велики четврток убиените се четири момчиња на возраст од 18 до 21 година: Филип Славковски, Александар Наќевски, Цветанчо Ацковски и Кире Трпковски и рибарот Борче Стевковски…

Според Министерството за внатрешни работи на Република Македонија, четворица од убиените: Славковски, Наќевски, Ацковски и Тричковски, на возраст од 18 до 21 година, отишле да ловат риба на Смилковското Езеро со автомобил околу 15 часот на 12 април 2012, за време на православниот христијански празник Велики четврток. Нивните тела биле откриени облиени со крв вечерта во 22:30 часот од други рибари кои веднаш ја повикале полицијата. На истото место, но подалеку од четирите тела, било пронајдено телото и автомобилот на Борче Стефковски (45), кој исто така ловел риба.

За него се претпоставува дека бил убиен подоцна бидејќи бил очевидец на настанот. Увидот на местото на настанот траел преку целата ноќ, сè до до пладне на 13 април 2012 кога телата биле предадени на судските вештаци за обдукција, а автомобилите и чаурите биле подигнати од вештаците на крим-техника. За настанот бил формиран оперативен штаб кој ја раководел операцијата, а голем број на полицајци и инспектори биле на терен за собирање на информации околу евентуалниот идентитет на убијците и мотивот. Во тој момент, во интерес на истрагата, министерството се воздржало од давање други дополнителни информации.

 
Автомобил „Опел Омега“, пронајден 10 км од езерото, за кој е потврдено дека бил на местото на убиствата.

Автомобил „Опел Омега“, пронајден 10 км од езерото, за кој е потврдено дека бил на местото на убиствата.

На 14 април 2012, резултатите од обдукцијата покажале дека во жртвите е пукано од три типа на огнено оружје, најверојатно од повеќе напаѓачи. Според министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска: „Пукано е од непосредна близина. Не би можела да кажам колку точно е таа непосредна близина, меѓутоа пукано е од блиску. Видливи се трагите на телата од момчињата од огнено оружје и смртта настапила како резултат на огнострелните рани кои се евидентни на телата на момчињата и телото на петтата жртва, кој не е дел од групата момчиња кои заедно ловеле риба.“

Автомобил „Опел Омега“ со темноцрвена боја бил пронајден на 10 километри од местото на убиствата. Министерката Јанкуловска на 16 април 2012 потврдила дека возилото што го нашла полицијата било на самото место на убиството. „Трагите укажуваат дека токму ова возило било на местото на убиството. Упатуваме апел доколку некој го препознае, го забележал, да се јави на бројот 199“, изјавила Јанкулоска. Возилото било донесено од странство и не било региститрирано во Македонија, но имало украдени регистерски таблички, кои своевремено припаѓале на Мерцедес, кој веќе не учествувал во сообраќајот.

За случајот на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Езим и Хаки Азири и Сами Љута.

Врховниот суд во декември 2017 година ги укина пресудите, а на осудените им определи мерки на претпазливост.

По укинувањето, „Монструм“ го презеде СЈО и предметот беше вратен на повторно судење.

Реакции

Убиствата предизвикаа протести од страна на граѓани на населбата Радишани, од каде потекнуваат четирите убиени момчиња. При протестите граѓаните го блокира пристапот до Радишани и Љуботенски Пат.Заради немири за време на протестот, биле оштетени пет возила, меѓу кои и еден автобус на скопскиот градски превоз. Жителите во изјавите за медиумите изјавувале дека жртвите биле „мирни момчиња кои никому не згрешиле“ и побараа итно да биде расчистен случајот и да биде откриен злосторникот или злосторниците. Во населбата Радишани дошол и градоначалникот на Бутел, Петре Латиновски, кој побарал од сограѓаните да надвладее разумот.

Според министерката за внатрешни работи на Македонија, Гордана Јанкуловска, заради настанот биле мобилизирани сите полициски службеници и било зголемено полициското присуство низ Скопје за да се сопре евентуална ескалација на настаните. Според неофицијалните информации, педесеттина лица, главно жители од соседните села и населби, биле повикани на информативен разговор.

Црквата „Св. 40 Севастиски маченици“ – Младенци

Метју Брунвасер, дописник од Софија за американскиот дневен весник New York Times („Њујорк Тајмс“), во напис со наслов „Убиствата ги засилуваат етничките тензии во Македонија“ забележува дека „…Македонците беа во жалост заради смртта на петмина сонародници, во ситуација кога има шпекулации дека убијците се етнички Албанци, со што се појавија стравувања за нова рунда на насилство меѓу заедниците.“

На 23 февруари 2013 година во близина на езерскиот брег, на местото викано Кршиколе или Крст, веднаш до заобиколницата бил осветен камен темелник на црквата Црква „Св. 40 Маченици“, која е посветена на убиените момчиња.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести