Штотуку донесовме важни одлуки на седница на Влада. Почнувајќи од утре, четврток, 23 април, се намалуваат рестрикциите на движењето, објави министерот Оливер Спасовски!
Министерот пред малку објави дека секој работен ден, од понеделник до петок ќе биде дозволено движењето на граѓаните од 05:00 часот наутро до 19:00 часот.
Забраната за движење во целата држава ќе почнува во 19 часот и ќе трае до 05 часот наутро.
За лицата над 67 годишна возраст ќе биде дозволено движење секој работен ден од 05 часот наутро до 12 на пладне, вели министерот.
Младите лица до 18 години ќе може да излегуваат од понеделник до петок од 13:00 до 19:00 часот.
Се намалува и ограничувањето на движење за време на викендите.
Од сега забраната за движење за викенд ќе почнува од 15:00 часот во сабота, а ќе трае до понеделник до 05:00 часот наутро.
Во сабота, за лицата над 67 годишна возраст ќе биде дозволено движење од 05 часот наутро до 11 часот наутро.
Во сабота, младите лица до 18 години ќе може да излегуваат од 12:00 до 15:00 часот, тврди Спасовски!
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.