Чајот од камилица, кој се употребува како тоник или антисептик, а и во билни лекарства, се прави од C. noble или A. nobilis.

Објавил: Катерина Крстиќ | 1 мај, 2020 23:03

Камилицата е кралица на билките- лек за многу болести!

Фото/Текст извор: ©КУРИР.МК

Камилицаболивач или вртипоп — една од најпознатите билки и е присутна во скоро секое домаќинство. Најлековит дел се нејзините цветови.

Лековитите својства на камилицата доаѓаат од нејзините цветови кои содржат испарливи масла (бисаболол, бисаболол оксиди А и Б, и матрицин), флавоноиди и други терапевтски супстанции.

Камилицата брои околу 100 евроазиски видови, кои го сочинуваат семејството Anthemis во мешовита фамилија; исто така, слично растение во редот Chamaemelum од исто семејство. И двата имаат жолти и бели светови во облик на диск. Неколку Anthemis видови се одгледуваат како украсни, особено златната маргарита или жолтата камилица (A. tinctoria). Плевелот со силен мирис (A. cotula) се користи како лек и инсектицид. Чајот од камилица, кој се употребува како тоник или антисептик, а и во билни лекарства, се прави од C. noble или A. nobilis.

Чајот од камилица помага за ублажување на несоницата и нервозата, а маслото ја смирува болката во мускулите и зглобовите, додека инхалацијата помага кај воспалено уво и синуси.

Камилицата цвета од април до август, а се собира по суво и сончево време. Таа треба да се суши нагло и на температура од 35 степени.

Дејството на камилицата е посилно, подобро и полековито кога се комбинира со други лековити билки кои имаат слично дејство и хемиски состав. Најдобро е да се користи во комбинација со маточина, анасон, слез и нане.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравје

Дијагнозата во типичните случаи лесно се поставува врз основа на податоците од родителот за тегобите на детето,прегледот на детето и рутински биохемиски иследувања(леукоцити и леукоцитна формула ).

Кога се зголемуваат лимфните жлезди?

Зголемени лимфни жлезди не се ретка појава. Може да бидат последица на обична настинка...