Полициската акција се одвиваше во кумановската населба „Диво насеље“, дел од градската месна заедница „Тоде Мендол“, во близина на автопатот Е75.

Објавил: Катерина Крстиќ | 9 мај, 2020 14:01

Пет години од Диво Насеље- одржана панихида за загинатите полицајци

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Денеска навршуваат пет години од вооружената престрелка во Кумановската населба Диво Насеље, и по тој повод во чест на загинатите осум припадници на полицијата во Соборниот храм „Свети Никола“ во Куманово, се одржа панихида организирана од група бранители од Куманово, а присуствуваше и министерот за внатрешни работи Наќе Чулев.

Пред пет години Македонија загуби 8 херои: Терористичкиот акт од Диво насеље и натаму без судски епилог

-Група бранители секоја година организира панихида по повод загинувањето на нашите браќа бранители во 2015 во настаните во Диво Насеље. На овој начин се обидуваме да не паднат во заборав, народот да ги запомни нивните жртви, да знаат зошто загинаа, да им кажуваат на нивните деца и внуци дека за Македонија секогаш има спремни јунаци кои ќе го дадат најмилото-животот, изјави Предраг Петрушевски-Бинго од група бранители.

За потсетување, вооружена престрелка во Куманово беше една од најголемите полициски акција за разбивање на вооружена терористичка група, која траеше на 9 и на 10 мај 2015 година во Куманово. Полициската акција се одвиваше во кумановската населба „Диво насеље“, дел од градската месна заедница „Тоде Мендол“, во близина на автопатот Е75.

Акцијата започна рано утрината во 04:30 часот во саботата на 9 мај и траеше речиси непрекинато 28 часа, сѐ до 10:00 часот во неделата на 10 мај.

Акцијата заврши со победа на македонските специјални сили и целосно неутрализирање и елиминирање на терористичката група, од која дел се предадоа на македонските власти во текот на вечерта во саботата на 9 мај.

Настаните во Куманово се случуваа во период на сериозна политичка криза во Македонија и во период кога, од 5 мај, започнаа антивладини протести.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.