На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Куманово на 52 години години, лекуван на клиниката од 30 мај. Во ГОБ „8 септември“ почина пациентка од Скопје на 68 години, хоспитализирана на 29 мај.

Објавил: Катерина Крстиќ | 5 јуни, 2020 16:40

СИТУАЦИЈАТА СТАНУВА АЛАРМАНТНА: Дури 180 новозаболени од Ковид-19 за едно деноноќие!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Во последните 24 часа се направени 1272 тестирања, а регистрирани се 180 нови случаи на ковид-19.

Рекорден број на заболени од Ковид-19 за едно деноноќие…

– Скопје 109
– Куманово 26
– Дебар 1
– Штип 15
– Тетово 12
– Струга 1
– Велес 1
– Битола 1
– Охрид 1
– Гостивар 8
– Гевгелија 2
– Валандово 1
– Свети Николе 1
– Неготино 1

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Куманово на 52 години години, лекуван на клиниката од 30 мај. Во ГОБ „8 септември“ почина пациентка од Скопје на 68 години, хоспитализирана на 29 мај.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 11 оздравени пациенти.

– Скопје 6
– Прилеп 1
– Велес 4

Досега во земјата се направени вкупно 34386 тестирања на ковид -19. Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 16 теста се во рамките на скринингот во градинки во Штип, нема позитивни резултати на ковид-19.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2790, бројката на оздравени пациенти е 1632, на починати е 149, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1009.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести