Она што го прави впечатлив е тоа што има често поразлични ставови и уникатни коментари од они што секојднево сме научени да ги гледаме.

Објавил: Владо Марин | 20 јуни, 2020 10:50

(ФОТО)Вело Марковски крај себе има вистинска убавица – младата сопруга Евгенија

Фото/Текст извор: ©Галама

Инфектологот Вело Марковски за пошироката јавност во нашата држава стана мошне интересн со појавата на корона вирусот. Тој како искусен инфектолог и професор често е гостин во медиумите, како и на социјалните мрежи.

За јавноста помалку познато можеби е тоа дека е во брак со драстично помлада сопруга со која имаат син. Може да се каже дека Вело Маркоски е среќник покрај младата и згодна Евгенија.

Инаку како што е познато, претходно Вело има брак со Ѓулистана Марковска, екс пратеничка.

Она што го прави впечатлив е тоа што има често поразлични ставови и уникатни коментари од они што секојднево сме научени да ги гледаме.

За јавноста помалку познато можеби е тоа дека е во брак со драстично помлада сопруга со која имаат син. Може да се каже дека Вело Маркоски е среќник покрај младата и згодна Евгенија.

Во последното свое пишување на социјалните мрежи доктор Вело се осврна на Дексаметазон како терапија на КОВИД-19:

Дексаметазон како терапија на КОВИД-19 – за и против Деновиве е многу актуелна студијата која ја објави универзитетот во Оксворд за голема ефикасност во лекување на тешки случаи со КОВИД-19 со дексаметазон.

Дексаметазонот е моќен кортикостероид со многу ефекти и дејства во организмот како антипиретично, антиинфламаторно, антиедематозно, антиалергиско, во исто време е и моќен имуномодулатор.

Давањето на било кој кортикостероид кај вирусни инфекции е штетно и контраиндицирано. На прв момнет се чини дека многу добро делува на болеста, пациентот се чувствува подобро, му паѓа температурата, нема болки, но тоа е само привидно подобрување, вирусот се размножува полесно поради намалување на имунолошкиот одговор на организмот, болеста трае подолго и можен е полош исход.

Од овие причини кортикостероидите меѓу кои е и Дексаметазонот се контраиндицирани кај сите вирусни инфекции, вклучително и лесните форми на КОВИД-19 (никако не еоправдано правење на домашни резерви со дексаметазон и земање без дозвола од лекар поради бројните несакани дејства).

Давањето кај тешките и крит ичните форми од КОВИД-19 со оправдување дека ќе се намали цитокинската бура, не се оправдани од причина што во сите досегашни студии објавени во научни списанија нема доказ за постоење на цитокинска бура, односно оправдано би било давање на кортикостероиди ако пациентот има навистина цитокинска бура (до 100 пати повисоки вредности на интерферони, интрлеукини, Ту мор некрозис фактор алфа и тн.).

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.