-Се преговара со бизнис секторот за нов пакет економски мерки за стопанството, но во овој момент не може да се носат уредби и пакети, рече вицепремиерката Царовска.
Очекуваме да се формира наскоро нова Влада и на тој начин да се донесе и четврт пакет за поддршка и на граѓаните и на стопанството, изјави Царовска!
Посочи дека во моментов тече и програма за поддршка на инвестиции за која кај компаниите има интерес.
Царовска посочи дека нема да пропаднат ваучерите за кои беа приложени приговори ќе биде само пократок рокот за нивно трошење.
Одговорајќи на новинарско прашање, Царовска објасни дека во моментов Владата нема моќ да ги продолжи роковите за користење на картичките зашто тие се дефинирани во уредби со законска сила.
Уредбите беа донесени во вонредна состојба. Сега сме во поинаква ситуација. Ако се воспостави Собранието побрзо и ако се оди кон одредена законска измена, но сметам дека тоа е прекомплицирано за сега да може да се направи. Може да се отвори како дискусија на Влада, ако има одреден став ќе може да го презентираме, но роковите се поставени во уредби со законска сила, кои немаме моќ во овој момент да ги менуваме. Нашите овластувања и моќ во овој момент не се такви, истакна Царовска.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.