„Нема да има предупредувања. Ние ги предупредивме. Ако ја нарушат државната граница, ќе реагираме без предупредувања“, рече Лукашенко.

Објавил: admin@magazin | 23 август, 2020 14:24

ЛУКАШЕНКО ПОРАЧА: Доколку ја нарушат државната граница, ние ќе реагираме без предупредување

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Денес, претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, нареди раководството на Министерството за одбрана да реагира без предупредување во случај на повреда на западната граница.

„Нема да има предупредувања. Ние ги предупредивме. Ако ја нарушат државната граница, ќе реагираме без предупредувања“, рече Лукашенко.

Тој ја даде таа задача на министерот за одбрана, Виктор Хренин, за време на посетата на теренот за воена обука кај градот Гродно, јавува ТАС С.

Хренин му рече на Лукашенко дека трупите на НАТО во Литванија „се приближуваат кон границата“.

„Но, ние ги гледаме. Ако тоа (движење на силите) е во наша насока , ако тоа се случи, тогаш ќе дејствуваме во согласност со ситуацијата“, предупреди Хренин.

Претходно денес, Лукашенко рече дека координаторите на немирите во Белорусија се во странство и дека антивладините активисти добиваат финансиска помош од странство.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести