Тој бил роден на 5 јуни во 25-та гестациска недела со родилна маса од 820 гр, а заминува со 2.400 гр. во општа добра здравствена состојба.

Објавил: Владо Марин | 27 август, 2020 18:52

Бебето кое се роди со тежина од 820 грама во ГАК заминува дома

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

По два ипол месеци грижа на Клиниката за гинекологија, предвреме роденото бебе Максим денеска си замина дома!

Од Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство информираат дека предвреме роденото бебе Максим, кое дојде на свет на 5 јуни во 25-та гестациска недела, денеска си замина дома од оваа установа.

Тој бил роден на 5 јуни во 25-та гестациска недела со родилна маса од 820 гр, а заминува со 2.400 гр. во општа добра здравствена состојба.

Педијатрите и целиот медицински персонал на клиниката се нашите херои! Заеднички ја добија битката со малиот Максим и со радост и желби за среќно и безгрижно детство го испратија дома, напиша Филипче!

Од Клиниката замина во добра општа состојба и со пораст на телесната маса, по два и пол месечната грижа на педијатрите и целокупниот медицински персонал.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравје

Дијагнозата во типичните случаи лесно се поставува врз основа на податоците од родителот за тегобите на детето,прегледот на детето и рутински биохемиски иследувања(леукоцити и леукоцитна формула ).

Кога се зголемуваат лимфните жлезди?

Зголемени лимфни жлезди не се ретка појава. Може да бидат последица на обична настинка...