Од денес македонските праски немат извоз во Русија иако министерот тврди дека има отежната комуникација со новите власти во Русија каде 18 години на власт е Путин

Објавил: Мирко Бачиќ | 15 август, 2018 9:46

Стапува во сила руската забрана за увоз на праски

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

И официјално стапува во сила одлуката на Русија со која се стопира увозот поради наводно пронајден црв во пратките.

Станува збор за времена забрана што ја објави Руската федерална служба за ветеринарна и фитосанитарна контрола на својата интернет страница но македонските власти за нејзиното воведување не добија официјално известување. 

Причина за тоа според министерот за земјоделство Љупчо Николовски е отежнатата комуникација меѓу двете земји поради новата владина структура во Русија.  

“Се уште никој не може да каже колкави се штетите. Да не излегуваме со никакви паушални податоци туку да бидеме внимателни.” – апелира вчера Николовски.

Тој најави дека се бара алтернативен пазар за праските што нема да се пласираат во Русија. Како опции ги наведе британскиот – албанскиот и косовскиот. Претставници на британска фирма рече се веќе во Македонија и денеска ќе го посетат Росоман за да извршат проценка на родот.

Вчера министерот иницирал средба со руските дипломатски претставници во Македонија. Внимателно како што нагласи се прават обиди да им се помогне и на производителите и на откупувачите. 

“Засилени се мониторинг контролите на откупните пунктови зашто станува збор за производи што веќе се наоѓаат во откупните центри. Да оставиме Инспекторатот да ги утврди количините на производството тангирано со времената одлука на Русија за време на ограничувањето што стапува во сила.” – потенцира министерот.

Во меѓувреме откупувачи од Росоман стравуваат дали повторно ќе им бидат вратени камионите кои моментно се на руската граница. Три шлепери се веќе на пат кон дома. 

“Од еден вратен камион губиме 4.000 – 5.000 евра. Тоа е огромна штета. Ако ситуацијата не се реши не знаеме дали ќе бидеме во можност да ги исплатиме производителите. Праските веќе ги даваме пошто зошто од 10 до 15 денари за килограм а ги купувавме по 18 денари. Се носат во Скопје – Албанија и Косово.” -изјави Владо Орданов откупувач и производител на 30 хектари праски – круши – кајсии и грозје во Росоман и Сирково.

Производителите сметаат дека ваквиот потег на Русија е политички зашто досега извезувале без никакви проблеми. 

“Русија од скоро прави проблем со увозот. Досега пласманот течеше без никакви проблеми. Симптоматично е и тоа што моментно без никаков проблем извезуваме во Украина – Белорусија – Норвешка – Романија – Хрватска и никој не ни прави проблем.” – вели Орданов и додава дека околу 80 отсто од праските вообичаено одат за Русија.

До кога ќе трае времената забрана за извоз на праски ќе се знае по контролите на надлежните органи од Русија и Македонија кои се во тек.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Земјоделие

Првиот нацрт-предлог на овој модел содржи раздвојување на плаќањата кои не се поврзани со производството и плаќањата поврзани со производството.

Николовски: Нè очекува тешка зима – ќе се промени новиот модел за субвенции во земјоделството

Нè очекува тешка зима, а следните 2 години ќе бидат уште потешки во однос на обезбедување...

Мемет Синани целиот живот се занимава со земјоделство. Како најстар син во семејството, по смртта на неговиот татко, започнал да го работи семејниот имот во тетовско Камењане. Сади пченка и пченица, но и помали количини грав. Грав би садел и повеќе, ама не можел да најде аргати за берба.

Во земјоделска држава ќе нема кој да ги работи нивите

Македонија произведува многу помалку храна од она што и е потребно. Лошите политики...

„Оваа година можно е да има помали приноси доколку не бидат довлно прихранети посевите. Ако природата не сака тогаш може да се дојде до количините на кои се надеваме, но реално е, без ѓубрива, приносите да бидат намалени“ - велат од Асоцијацијата на земјоделци.

ЗЕМЈОДЕЛЦИ: ТРОШОЦИТЕ ВО ОДНОС НА ЛАНИ СЕ ЗГОЛЕМЕНИ ЗА 80 ПРОЦЕНТИ

Славе Петров од Кочани почна со подготовка на нивите за сеидба. Тој наместо со трактор...

Имајќи ја во предвид инвазијата на Русија во Украина и реперкусиите кои што оваа ситуација ги има не само на европските, туку и на светските пазари можам да кажам дека сега живееме во една од најголемите светски економски кризи.

Забранет е извоз на пченката, брашното и маслото

За одлуката за ограничување на извозот на одделни стоки за заштита на домашниот пазар...