Во име на Фудбалската федерација на Македонија и целото фудбалско семејство, изразувам најдлабоко сочувство до семејството на Љубисав Иванов - Ѕинго!

Објавил: Рејхан Бајрами | 17 ноември, 2020 9:49

Почина Љубисав Иванов – Ѕинго

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Во 84. година од животот почина Љубисав Иванов – Ѕинго, поранешен претседател на Фудбалскиот Сојуз на Македонија (1993-1999), долгогодишен истакнат фудбалски работник, прв човек на ФК Силекс и почесен претседател на Фудбалската федерација на Македонија, пишува на официјалниот профил на Фудбалската репрезентација на Македонија.

– Македонскиот фудбал денес го загуби еден од своите најдобри и најважни фудбалски работници во својата историја. Ми беше чест што го познавав и соработувавме со Љубисав Иванов – Ѕинго, а навистина е безпредметно воопшто да набројуваме со што сѐ го задолжи нашиот фудбал и Фудбалската федерација на Македонија.

Наша должност е да продолжиме по патот кој тој го трасираше. Да се грижиме за федерацијата и луѓето, да се грижиме за македонскиот фудбал.

Во име на Фудбалската федерација на Македонија и целото фудбалско семејство, изразувам најдлабоко сочувство до семејството на Љубисав Иванов – Ѕинго.

Нашите мисли сѐ со Вас.

Муамед Сејдини
претседател на Фудбалска федерација на Македонија!

Роден е 1936 година во с. Трновац, Кратово, РМ.

Завршил Рударско-геолошки факултет, и беше генерален директор на Рударско-геолошкиот комбинат “СИЛЕКС” Кратово, 40 години.

Беше член и претседател на Социјалистичката партија на Македонија (СПМ).

Поседуваше волонтерско и професионално политичко искуство во континуиран период од 46 години од кои 30-годишно искуство како пратеник во Сојузното собрание во поранешна СФРЈ, а од осамостојувањето на Република Македонија и пратеник во Собранието на РМ. Тој беше координатор на пратеничката група на СПМ во Собранието на РМ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од InMemoriam