Мнозинството во Собранието го изгласа Буџетот за 2021 година што го предложи Владата, буџет којшто е насочен кон исполнување на европските стандарди дома.
Во време на кризата со коронавирусот, Владата не отстапува од своите определби за солидарност, хуманост и за поддршка и грижа за секој граѓанин, за секоја компанија, вели премиерот Заев!
Буџетот е со фокус на здравствениот систем, економијата, капиталните инвестиции, системска функционалност и поддршка на реформите во правосудството и евроинтеграциите со првенствени приоритети на:
1️⃣ Поддршка на здравствениот сектор како прв приоритет, што значи заштита на здравјето и животите на граѓаните, којшто е пресликан во Предлог-буџетот за 2021 година.
2️⃣ Втора цел е економско заздравување и економски раст преку мерки за социјално ранливи категории, поддршка на економијата и зачувување на работните места.
3️⃣ Третиот приоритет на буџетската политика во 2021 година е непречено финансирање на основните функции на државата и поддршка за реформите во правосудството и евроатлантски интеграции.
Одговорот на последиците од пандемијата во земјата беше брз и значаен во поддршката на претпријатијата и вработените во најпогодените дејности и на ранливите категории на население.
Со Буџетот за 2021 година се очекува да се обезбеди одржливост на домашните економски дејности и на работните места, да закрепнат одредени дејности, да се обезбеди стабилност на социјалните трансфери и да се обезбедат политики кои и понатаму ќе помогнат за спроведување на брза излезна стратегија со цел продолжување со позитивните трендови на македонската економија.
Капиталните инвестиции се планирани на ниво од околу 23 милијарди денари или за 20% повисоко во однос на планот за 2020 година, при што за финансирање на инвестициите планирано е да се обезбедуваат средства од повеќе извори и тоа: буџетски средства, ИПА фондови и заеми.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.