Во секоја земја на Европската унија, по таков политички гаф, ќе следеше оставка или негова смена

Објавил: Македонка Димкин | 27 декември, 2020 11:26

Скандал ја тресе Хрватска! првиот човек на Институтот за јавно здравје седи на картон со Вакцини

Фото/Текст извор: ©јутарни

Хрватскиот  биолог и научник  Иван Џикиќ денес изјави дека бил шокиран кога видел фотографија од Крунослав Чапак, директор на Хрватскиот институт за јавно здравје, како седи на кутија полна со вакцини „Фајзер“.

Она што навистина ме загрижува е ваквата реакција на г-дин Чапак во Хрватска. Тоа толку ме шокираше кога го видов денес. Кога тој покажа како тие вакцини доаѓаат од под неговиот задник. Тоа е толку несоодветно. Наместо да става вакцини над него, како еден мал, релативно безначаен политичар, локален шериф, тој испрати порака која е навистина несоодветна, особено до научниците кои работат веќе една година.

Илјадници научници, кои работеа на вакцината, тој ги омаловажи со тоа. Во секоја земја на Европската унија, по таков политички гаф, ќе следеше оставка или негова смена ако тој сам не поднесеше оставка, вели Џикиќ.

Од друга страна, хрватскиот научник ја пофали вакцината „Фајзер“: Оваа вакцина е со исклучителен квалитет, подолготрајна од самиот вирус и има многу помалку компликации од самата болест. Во Америка вакцинирани се 1,1 милиони луѓе, а само шест лица имаа некои несакани ефекти. Резултатите се навистина импресивни. Верувам дека во Хрватска ќе има над 70 проценти луѓе кои ќе бидат вакцинирани врз основа на позитивни резултати – рече Џикиќ.

Хрватска бележи застрашувачки податоци за короната во последните месеци. Бројот на заразени на милион жители во моментов е 15.210 лица што своевидно руши црни рекорди. А само од 12 Декември до 25 Декември се заразиле 35574 ќители на Хрватска.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.