На планините и на повисоките места во западните предели ќе има врнежи од снег каде снежната покривка ќе се зголемува. Ќе дува слаб до умерен, а во југоисточните и источните предели повремено засилен ветер од променлив правец.

Објавил: Рејхан Бајрами | 4 јануари, 2021 10:40

СЕРИЈА НА ВЛАЖНИ ВОЗДУШНИ БРАНОВИ ЌЕ ЈА ЗАФАТАТ МАКЕДОНИЈА: НА ПЛАНИНИТЕ СНЕЖНАТА ПОКРИВКА ЌЕ СЕ ЗГОЛЕМУВА

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Под влијание на циклонска активност и на влажен воздушен бран времето денес во државава ќе биде облачно со врнежи од дожд кој локално ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и се очекува да наврнат над 30 л/м2 воден талог.

На планините и на повисоките места во западните предели ќе има врнежи од снег каде снежната покривка ќе се зголемува. Ќе дува слаб до умерен, а во југоисточните и источните предели повремено засилен ветер од променлив правец.

Температурата на воздухот ќе се искачува во интервалот од 4 до 12 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде облачно со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец, додека максималната дневна температура ќе се искачи до околу 8 степени.

Потоа во следниот период нашата територија ќе биде под влијание на серија на влажни воздушни бранови кој ќе условуваат повремени врнежи од дожд кој повремено ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ.

На планините и на некои повисоки места, особено во западните предели ќе има врнежи од снег а снежната покривка, особено на планините и понатаму ќе се зголемува.

Повремено ќе дува и умерен до засилен ветер претежно од јужен правец. Температурите на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 5 до 13 степени.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Главната причина за кавгата меѓу актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и неговиот претходник Никола Груевски е во личните суети, а не во политичките разлики поврзани со уставните измени, смета првиот лидер на партијата и експремиер Љубчо Георгиевски.

Георгиевски: Груевски претходно ги сруши измените на КЗ што сега му се потребни и за кои плаче

Прашан во интервју за емисијата „Трилинг“ дали владејачката гарнитура е подготвена...