Студентите кои се собраа во кампусот на Универзитетот Босфор скандираа „далеку од нашиот универзитет“.

Објавил: Рејхан Бајрами | 4 јануари, 2021 20:39

СТУДЕНТИТЕ СЕ СУДРИЈА СО ПОЛИЦИЈА ВО ИСТАНБУЛ: Не го сакаат ректорот назначен од Ердоган

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Турската полиција денеска се судри во Истанбул со стотици студенти кои демонстрираа против одлуката на претседателот Реџеп Таип Ердоган да го назначи Мелих Булу, член на владејачката Партија на правдата и развојот (АКП), за ректор на еден од најпрестижните универзитети во Турција.

Студентите се побунија, верувајќи дека назначувањето на Булу, за Ердоган е обид за ограничување на академските права и побараа да им се дозволи на Универзитетот да го избере својот ректор!

Студентите кои се собраа во кампусот на Универзитетот Босфор скандираа „далеку од нашиот универзитет“.

“Не е кривично дело ако некој има свое политичко мислење. Назначувањето на Булу е легално”, рече портпаролот на АКП Омер Челик по состанокот на партијата, на кој присуствуваше и Ердоган.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Инциденти

Меѓу демонстрантите имаше и попови, а на масовниот протест се извикуваа слогани и против Владата на Мицотакис, но и против новинарите.

Инциденти во Атина на протестот против вакцината и против задолжителната имунизација

Со инциденти меѓу полицијата и демонстрантите, со молотови коктели, солзавец и топови...