Трамп праќаше десетици твитови секојдневно, а во текот на претседателството објави повеќе од 26.000 пораки испратени до своите над 88 милиони потписници.

Објавил: Мартин Попоски | 9 јануари, 2021 20:50

Твитер трајно го блокираше Трамп

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Социјалната мрежа Твитер синоќа соопшти дека засекогаш го блокира Твитер налогот на претседателот на САД, Доналд Трамп.

Компанијата вели дека актуелниот претседател ги нарушил политиките на социјалната мрежа против величење на насилството и дека постои ризик тоа да се повтори. Според неа, одлуката да се блокира налогот е донесена поради „ужасните настани оваа недела“.

После ужасните настани неделава во среда, компанијата потенцираше дека нови нарушувања на правилата на Твитер може да станат причина за преземање вакви постапки!

Трамп праќаше десетици твитови секојдневно, а во текот на претседателството објави повеќе од 26.000 пораки испратени до своите над 88 милиони потписници.

Припадник на полициските сили почина од здобиените повреди во немирите предизвикани пред два дена од страна на приврзаниците на актуелниот американски претседател Доналд Трамп, во Капитол Хил во Вашингтон, соопшти полицијата.

Полицаецот Брајан Сикник е петта жртва во немирите, откако претходно е објавено дека четири лица загинале кога приврзаници на Трамп упаднаа во зградата на Конгресот со цел да го спречат Парламентот да ја верификува победата на Џо Бајден на претседателските избори во САД.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести