Тој ја сподели убавата вест на социјалните мрежи и го покажа златниот прстен со дијамант со кој ја запросил саканата, со емотивна порака.

Објавил: admin@magazin | 16 јануари, 2021 10:14

Со златен прстен со дијамант Костадин ја запроси девојката

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Пратеникот и портпарол на СДСМ, Коста Костадинов ја запроси својата девојка Марија Десанова, со која подолг период е во врска.

Тој ја сподели убавата вест на социјалните мрежи и го покажа златниот прстен со дијамант со кој ја запросил саканата, со емотивна порака.

Животот ми овозможи да те запознаам, Бог пушти знак да се препознаам себеси и да си го препознаам животот со тебе.

Нека љубовта трае до последниот атом. Затоа што си моја, затоа што те сакам, од овде до небото и назад – објави Костадинов.

Костадин Костадинов е член на СДСМ. Тој активно се вклучува во партијата во 2011 година кога станува претседател на СДММ, младинската организација на СДСМ за Струмица и ја води истата сè до крајот на октомври 2018 година. Во периодот од април 2011 до март 2018 година бил член и на Извршниот одбор на СДСМ, а од април 2011 до април 2013 година и заменик-претседател на општинската организација на СДСМ во Струмица. Во март 2018 година е избран за член на Централниот одбор на СДСМ, а неколку месеци подоцна, во октомври, назначен е за нејзин портпарол!

Својата политичка кариера Костадинов ја започнува како член на Советот на општина Струмица.

За време на мандатот на Зоран Заев тој ја вршел и функцијата Заменик градоначалник на општина Струмица, а во декември 2016 година, десетина дена по парламентарните избори, Костадинов станува вршител на должноста градоначалник на општина Струмица откако Заев се повлекува од истата поради ангажирања во парламентот како и блиското добивање на мандат за формирање на нова македонска влада.

Ја врши должноста градоначалник сè до локалните избори во 2017 година и на 20 октомври функцијата ја презема победникот на изборите Коста Јаневски.

Од ноември 2017 година Костадинов е пратеник во Собранието на Република Македонија на местото на Јаневски откатко со уште неколку пратеници им бил верифициран мандатот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.