Вели дека имаат различности со коалиционите партнери, но оти ги поврзуваат генералните вредности како што се борбата против корупцијата, реформите во судството, евроинтеграциите …

Објавил: Перо Милчин | 26 октомври, 2021 5:45

Заев: СДСМ не изгуби од ВМРО-ДПМНЕ, туку од граѓаните што седеа дома

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Владината коалиција е стабилна. Комуникацијата е комплетна. Легитимно е секој да се бори за гласовите, изјави вчера лидерот на СДСМ Зоран Заев коментирајќи ги најавите на коалициониот партнер Беса во вториот круг од изборите да ја дадат поддршката за Алијанса на Албанците.

Во гостувањето во централниот дневник на телевизија Сител, Заев рече дека не го разочарало ниту тоа што ЛДП и ДОМ како коалиоциони партнери јавно не ги повикале своите гласачи да ја дадат поддршката во вториот круг за кандидатите од коалицијата.

Вели дека имаат различности со коалиционите партнери, но оти ги поврзуваат генералните вредности како што се борбата против корупцијата, реформите во судството, евроинтеграциите …

Тоа е убавината на една демократија и слобода. Ние имаме заеднички вредности во коалицијата и тоа не обединува. Важно е да ги мобилизираме сите гласачи со кои споделуваме заеднички вредности, рече Заев.

Седењето на граѓаните дома, според него, би значело враќање на режимот.

Ние не изгубивме од ВМРО-ДПМНЕ, туку од тие што останаа дома. Еден дел адресираа сериозна казна поради ефикасноста во работењето и персоналните решенија, но верувам дека го променивме пристапот во нашата кампања. Седењето дома е комплетна поддршка за нашиот опомент, нагласи Заев.

Во вториот круг верува дека СДСМ ќе има видлива победа и очекува видлива разлика во корист на СДСМ во Скопје, Чаир, Карпош и Центар.

Доколку СДСМ го изгуби Скопје, Заев повтори дека не ќе може да ја води Владата бидејќи опозицијата би правела опструкции на политиките на централната власт. Сепак, ова, според него, не значи дека е време за предвремени парламентарни избори.

Вели дека парламентарното мнозинство е сигурно, а не е за предвремени парламентарни избори бидејќи според него следните две ипол години се неповторилива шанса да се развива економијата и да се валозизира веќе сработеното.

Сите крупни прашања се затворија. Дома немаме етнички отворени прашања, немаме отворени прашања со соседите, петте точки со Бугарија ги знаеме и ги работиме. Верувам дека по 14 ноември кога завршуваат изборите во Бугарија до следната седница на Советот за општини работи имаме доволно време тоа да го завршиме и да ја добиеме првата меѓувладина конференција, рече Заев!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Интервју

„Има документи, согласности, уснени согласности, телефонски разговори, за секој пациент докторите се должни да ги информираат. Ние први воведовме видеоконференција

Жан Митрев: Не се плашам од обвинение, ќе се докажувам и 100 години ако треба – никогаш не сум рекол дека хемофилтрацијата е лек

Неговиот вечерашен јавен настап во кој се бранеше од наводите во документарниот филм...

Зошто никој не зборува за германскиот предлог во времето на владата на Меркел, од нивното претседателство, каде исчезна тој?

Имам информации дека владата на Ковачевски го прифатила предлогот од Париз

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вчерашното гостување во емисијата...

„Јас не се занимавам со економијата на семејството, колку пари кружеле… Добро е, дојдете еден ден кај мене дома, зборувајте со мојата сопруга“, рече Ахмети.

Ахмети не знае колку чини маслото за јадење: Зборувајте со сопругата, не се занимавам со економијата на семејството

Лидерот на ДУИ Али Ахмети во гостувањето во емисијата „Клик плус“ на ТВ21кажа дека...

Вели дека е подготвен во секој момент да седне на маса и да разговара за сите теми со Ковачевски, но на тие средби ќе мора да се разговара и за предвремени ибори.

Мицкоски: Немам намера никого да уценувам, подготвен сум во секој момент да седнам на маса

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски тврди дека блокадата на Собранието не е начин...