И ЈП „Лајка“ има нов директор веќе десетина дена. На местото на Тина Петрушевска за в.д. Директор е поставен Воислав Димитровски.

Објавил: Перо Милчин | 15 декември, 2021 11:28

АРСОВСКА ГИ МЕНУВА ДИРЕКТОРИТЕ ВО ЈАВНИТЕ ПРЕТПРИЈАТИЈА

Фото/Текст извор: ©магазин

Нови директорски имиња во јавните градски претпријатија. Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска  во рок од две недели ги смени старите директори со нови.

Директорот на зоолошка градина, која е институција во надлежност на град Скопје, самиот си даде оставка пред да биде разрешен, по што е назначен нов.

Арсовска го именува Кристијан Стаменов за нов в.д. Директор на ЗОО Скопје. Градоначалничката  го назначи Иван Илиевски за в.д. Директор на ЈСП „Скопје“, на местото на досегашниот Кристијан Чушков.

Јане Мицевски носител на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ во општина Сопиште, е именуван за нов директор на депонијата „Дрисла“. Тој го замени Коста Начевски. Арсовска, денеска го разреши Бобан Црничиќ од функцијата директор на ЈП „Улици и патишта“ Скопје и го назначи Борис Настов за нов в.д.директор на јавното претпријатие.

И ЈП „Лајка“ има нов директор веќе десетина дена. На местото на Тина Петрушевска за в.д. Директор е поставен Воислав Димитровски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести