Не се откажувам и покрај сите напади, може да напаѓаат колку сакаат.

Објавил: Мате Парлоф | 19 април, 2022 7:16

Арсовска: Ќе има одговорност за сите кои го злоупотребиле Буџетот на Градот

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска во вчерашното гостување на Канал 5 телевизија на прашање зошто има толку напади во изминатиот период истакна дека тоа е обид да се превенира покренување на постапки за одговорност во градот.

Не верувам дека за пет месеци може да се оцени нечија успешност или неуспешност. Сите овие напади се само резултат на тоа дека сите работи кои беа индиции во време на кампањата, сега ги откриваме и следи одговорност за секој кој извршил извесни злоупотреби во буџетот на градот.

Не се откажувам и покрај сите напади, може да напаѓаат колку сакаат. Знам дека притисокот е голем, но граѓаните треба да знаат дека има човек во Скопје кој сака да има ред, сака да направи да има систем и она кое што се случувало во минатото повеќе да не се случува, истакна градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска во гостувањето во Само вистина на Канал 5 телевизија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести