Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер претежно од источен правец. Попладне во северозападните планински предели ќе има услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд и грмежи.
Дневните температури ќе се движат од 29 до 37 Целзиусови степени. УВ индексот ќе изнесува 8.
Во Скопје слично време сончево со мала до умерена облачност и максимална дневна температура од 34 степени.
Во следните денови ќе се задржи сончево и топло време со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе има ретка појава на пороен дожд и грмежи а во сабота услови за нестабилност ќе има на повеќе места.
Позначителна промена на времето се очекува од недела кон крајот на денот и во понеделник кога во поголем дел од земјава ќе има поројни врнежи со грмежи и засилен ветер.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.