– Лошата работа е што нашиот премиер како историска писменост е нула, како тим што може да го советува е две нули. Не можете да отидете и да кажете дека во Бугарија имало фашистички режим, но Бугарите не биле фашисти. Тој мораше да им одговори: „Господа, немаше фашизам во Бугарија и тоа е научно докажано и треба да ставите крај на овие југословенски и советски клишеа“ – инсистира Каракачанов.

Тој е скептичен дека новите идеи на Петков и на неговата влада ќе дадат резултат.

– Не можете да се откажете од идентитетот, од фактот дека во Скопје се води политика на говор на омраза. Што значи да успееме? Да клекнеме пред тврдењата на Македонците или да ги направиме нормални европски граѓани. Во наш интерес е да се однесуваме како суверена држава, а не како никаквеци и да се однесуваме како луѓе кои ги бранат интересите на Бугарија – рече Каракачанов.

Објавил: Перо Милчин | 21 јануари, 2022 5:35

Каракачанов: МАКЕДОНЦИТЕ СТРАДААТ ОД СОПСТВЕНАТА ГЛУПОСТ

Фото/Текст извор: ©магазин/плус инфо

Лошата работа е што нашиот премиер како историска писменост е нула, како тим што може да го советува е две нули. Не можете да отидете и да кажете дека во Бугарија имало фашистички режим, но Бугарите не биле фашисти, вели Каракачанов.

Коментирајќи ја посетата на премиерот Кирил Петков на Македонија, поранешниот бугарски вицепремиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов истрела уште една отровна стрела кон „браќата“ Македонци, кои, според него, страдале од сопствената глупост!

Страдаат Македонците. Зошто? Бугарија е во Европската унија и во НАТО. Тие страдаат од сопствената глупост. Тоа не е добро, но што да направиме ние? Да се самоубиеме зошто нашите крвни браќа во Македонија се со заматено самосознание и што нивната политичка елита се прават итреци? – праша лидерот на вонпарламентарната ВМРО-БНД во интервју за Бугарската национална телевизија (БНТ).

– Лошата работа е што нашиот премиер како историска писменост е нула, како тим што може да го советува е две нули. Не можете да отидете и да кажете дека во Бугарија имало фашистички режим, но Бугарите не биле фашисти. Тој мораше да им одговори: „Господа, немаше фашизам во Бугарија и тоа е научно докажано и треба да ставите крај на овие југословенски и советски клишеа“ – инсистира Каракачанов.

Тој е скептичен дека новите идеи на Петков и на неговата влада ќе дадат резултат.

Не можете да се откажете од идентитетот, од фактот дека во Скопје се води политика на говор на омраза. Што значи да успееме? Да клекнеме пред тврдењата на Македонците или да ги направиме нормални европски граѓани. Во наш интерес е да се однесуваме како суверена држава, а не како никаквеци и да се однесуваме како луѓе кои ги бранат интересите на Бугарија – рече Каракачанов.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.