Локалните власти контактирале со блиски членови на нејзиното семејство, со цел да им се понуди каква било помош доколку им е потребна.

Објавил: admin@magazin | 22 јануари, 2022 7:09

УБИЕЦОТ И ГИ СКРАТИ СОНИШТАТА: Викторија дипломираше на факултет имаше и две сестрички

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Младата девојка Викторија Н. која синоќа несреќно го загуби животот во ужасната сообраќајка кај Сити Мол, живеела во Радовиш со нејзините родители, а по потекло таа и нејзиното семејство се од селото Дедино од општината Конче!

Таа според сознанијата, имала уште две сестри.

Починатата млада девојка била веќе дипломирана, и живеела во Радовиш, а во Скопје, според првичните информации, таа и нејзиното момче дошле на прошетка и веројатно на пазарување, иако овие информации се уште не се потврдени.

ФОТО: Фејсбук

Нејзиното момче кое е повредено и е хоспитализирано во ГОБ 8 Септември, имало тешки телесни повреди и имало скршеници, но нашите извори немаат повеќе информации конкретно за неговата здравствена состојба.

Локалните власти контактирале со блиски членови на нејзиното семејство, со цел да им се понуди каква било помош доколку им е потребна.

Возачот кој синоќа прегази девојка кај „Сити мол“ во Скопје е приведен во полициска станица, од него се земени крв и урина за да се утврди присуство на алкохол и опојни дроги, што е стандардна процедура во вакви случаи, соопшти Министерството за внатрешни работи

Вчера после 19 часот на пешачки премин загина 24-годишната В.Н, а зад воланот било 22-годишно момче (Ј.Ѓ.).

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести