Како што истакна тој, не е во ред да се даваат прогнози кога ќе наидеме на подобрување на состојбите и треба да бидеме многу претпазливи.

Објавил: Мирко Бачиќ | 26 јануари, 2022 5:53

Бучковски: Говорот на омраза доминира повеќе кај бугарските политичари

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Поранешниот специјален преговарач на Македонија во Бугарија, Владо Бучковски во гостувањето во ТВ 24 говореше за состојбите на Македонија со Бугарија.

Како што истакна тој, не е во ред да се даваат прогнози кога ќе наидеме на подобрување на состојбите и треба да бидеме многу претпазливи.

За една седмица се направи повеќе отколку за една година. Тие девет месеци беа без влада, а и ние поминавме низ хаотични два три месеци. Можам да забележам дека говорот кај омразата доминира повеќе кај бугарските политичари. Треба да бидеме претпазливи во прогнозата колку брзо ќе се придвижуваат работите. Ние имаме многу повеќе направено отколку бугарската страна и на тој начин ќе успееме да ја подобриме климата кај нас“, истакна Бучковски.

Поранешниот специјален преговарач со Софија Владимир Бучковски во емисијата 24 анализа изјави дека новите преговори меѓу Македонија и Бугарија ќе водат кон придвижување и кон враќање на довербата и ќе треба да почекаме да почнат со работа работните групи.

– Идеален рок за првите очекувања ќе бидат во првите трите месеци, за мене е важно кој се ќе влезе во тие групи. Пронлемите не се само политички, двете општества се реално оддалечени еден од друг многу повеќе отколку пред година ипол.

За една недела се направи многу повеќе одошто за една година. Во Бугарија има една критичка јавност која не е превладувачка, но која прави реални анализи. Доминира повеќе говорот на омраза кај бугарските политичари. – рече Бучковски!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.