Според шефот на московската канцеларија на Фајненшл тајмс ова е знак на деескалација.

Објавил: Перо Милчин | 15 февруари, 2022 14:11

Русија: Овој ден ќе влезе во историјата, го уништивме Западот без да испукаме куршум

Фото/Текст извор: ©a1 on

Некои војници во руските воени области во соседството на Украина се враќаат во базите по завршувањето на вежбите, соопшти денеска руското Министерство за одбрана.

Руската новинска агенција Интерфакс го цитираше министерството дека иако продолжуваат големите вежби низ земјата, некои единици на јужниот и западниот воен округ ги завршија своите вежби и почнаа да се враќаат во базите!

„Руските вооружени сили ја продолжуваат серијата големи вежби за оперативна обука на војниците и силите. Учествуваат практично сите воени области, флоти и воздушни единици“, соопшти Министерството.

Според шефот на московската канцеларија на Фајненшл тајмс ова е знак на деескалација.

„Портпаролката Марија Захарова на социјалните мрежи напиша: „15 февруари 2022 година ќе влезе во историјата како ден кога пропадна западната воена пропаганда. Беа обесчестени и уништени без ниту еден испукан куршум“.

Објавена е и снимка од враќањето на тенковите во базата, за кои Русија тврди дека се доказ за повлекување на руската армија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести