За Џонсон гласаа 211 ториевци, а против биле 148. Тоа значи дека повеќе од 40 отсто гласале против него. По објавувањето на резултатите, поддржувачите на Џонсон, во знак на одобрување, почнаа силно да удираат по масата.

Објавил: Мате Парлоф | 7 јуни, 2022 5:47

Борис Џонсон останува премиер

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Претставниците на британската конзервативна партија во британскиот парламент вчера вечер му изгласаа доверба на нивниот лидер Борис Џонсон. Да изгубеше на гласањето, Џонсон ќе престанеше да ја извршува функцијата премиер.

За Џонсон гласаа 211 ториевци, а против биле 148. Тоа значи дека повеќе од 40 отсто гласале против него. По објавувањето на резултатите, поддржувачите на Џонсон, во знак на одобрување, почнаа силно да удираат по масата.

Дека ќе се гласање за доверба претходно објави пратеникот Греам Брејди.

Премината е границата од 15-те проценти од пратениците кои бараа гласање за доверба на лидерот на Конзервативната партија“, напиша Брејди, претседател на Одборот 1922, групација на партијата во парламентот.

Обвинувања дека го загубил авторитетот

Џонсон, премиер од 2019 година, е под зголемен притисок по извештаите за забави со други членови на политичкиот врв во време кога остатокот од Велика Британија беше под мерки на локдаун наметнати поради пандемијата на Ковид-19.

Голем број конзервативци изразија загриженост за тоа дали 57-годишниот Џонсон го загубил овластувањето да управува со земјата бидејќи ѝ се заканува рецесија, зголемените цени на храната и горивото и штрајковите во Лондон.

Мнозинството конзервативни пратеници, од кои 180, мораа да гласаат за заминувањето на Џонсон, што се сметаше за тешко остварливо. Доколку тоа се случеше, ќе следуваа избори за ново партиско раководство.

Џонсон во јануари призна дека бил на забава во неговата владина зграда во мај 2020 година, организирана од државни службеници, додека првиот локдаун беше на сила во Британија.

Тој ѝ се извини на јавноста, но нагласи дека „технички“ не ги прекршиле тогашните здравствени препораки.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.