Неизмерна е среќата и задоволството што ги чувствувам, воден од фактот дека Охридски пливачки маратон ќе има. Верувам дека секој охриѓанец го има истото чувство

Објавил: admin@magazin | 19 август, 2022 16:40

Пецаков: Охридски пливачки маратон ЌЕ ИМА!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

За таа цел Општина Охрид ќе обезбеди 2 милиони денари за непречена организација Охридскиот пливачки маратон.

Неизмерна е среќата и задоволството што ги чувствувам, воден од фактот дека Охридски пливачки маратон ќе има. Верувам дека секој охриѓанец го има истото чувство. Охридскиот пливачки маратон, не е само спортска манифестација. Тој е многу повеќе од тоа. Тој е чувство, сентиментално вкоренето во секој охриѓанец. Радосен сум бидејќи Охридски пливачки маратон ќе има, иако пред нас се исправија големи препреки. Водени од помислата дека маратонот опстоил 60 години, опстоил и во можеби многу потешки времиња од сегашните и дека во него животен труд
вложиле плејада охриѓани, успеавме да ги надминеме препреките, рече градоначалникот Пецаков!

Изразувам голема благодарност до Охриѓани и бизнис заедницата од градот, но и надвор од државата кои во неполни 24 часа изразија подготвеност да помогнат финасиски и логистичи во организацијата на маратонот.

Агенцијата за млади и спорт во Охридскиот пливачки маратон ќе учествува со 10 000 евра кои ќе бидат наменети за наградниот фонд, рече Пецаков на денешната Пресконференција!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.