За само неколку години, бројот на вработени во РЕК Битола се намали за една четвртина, а интересот за работа во најголемиот производител на електрична енергија во државата постојано опаѓа.

Објавил: Македонка Димкин | 23 јуни, 2023 8:19

Бројот на вработени се намали за 700, нема интерес за нови – РЕК Битола во кадровски проблеми

Фото/Текст извор: ©Телма

За само неколку години, бројот на вработени во РЕК Битола се намали за една четвртина, а интересот за работа во најголемиот производител на електрична енергија во државата постојано опаѓа.

Од 2.700 во 2018 година, сега има 2.000 вработени, а најмногу недостига квалификуван кадар, со средна стручна подготовка, кој веќе не може да се најде на пазрот на трудот. Недостига и инженерски кадар, кој дел заминува во странство, а дел во приватниот сектор

Дефицит имаме од стручни кадар, бравари, заварувачи, дрери“, вели Пеце Матевски, директор на РЕК Битола. 

И во вакви услови од комбинатот велат дека се прават напори да се обезбеди стабилно производство на електрична енергија, а веќе почнаа подготовки за наредната грејна сезона. Во ремонт е првиот термоблок, а ќе се врати на мрежа следниот месец. Потоа ќе се ремонтира и вториот блок, кој треба да се вклучи во системот на почетокот на септември

„Заедно со негата што е направена на третиот блок, зимската сезона да ја дочекаме со сит три блока да бидат подготвени за работа“, вели Александар Паскв, директор на Термоелектрани.

За поефикасен ископ на јаглен во рудниците се поместува јагленовиот систем за првпат по три децении. На депонија има над 300.000 тони јаглен, но првите луѓе на комбинатот потенцираат дека веќе не се добива истиот квалитет како порано, што создава проблеми. РЕК Битола, иако влезе во петтата деценија, останува најголемиот производител и стожер на електроенергетскиот систем во државата

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести