Заев ни на отворањето на пензионерските игри, каде беше во улога на премиер, не заборави да ги потсети на референдумот, со што го исполитизира настанот

Објавил: Мирко Бачиќ | 2 септември, 2018 14:38

Заев ги отвори Пензионерските спортски игри со пропаганда за референдумот

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Премиерот Зоран Заев и министерската за труд и социјана политика, Мила Царовска, денеска во Радовиш ги отворија 23-тите Пензионерски спортски игри.

Игрите ги организира Сојузот на здруженијата на пензионерите на Македонија, а се под покровителство на Министерството за труд и социјална политика.

Во своето обраќање Заев ја поздрави енергијата што ја имаат пензионерите, и им порача дека грижата и заштитата остануваат врвен приоритет на Владата.

Премиерот Заев и министерката Царовска не заборавија, како и децата, така и пензионерите, да ги потсетат дека, играат што си играат, на 30-ти септември мора да гласаат.

„Ги следиме европските пракси, гледаме како живеат пензионерите во земјите од Европска Унија, поспокојно и покомотно, и токму затоа секојдневно работиме, затоа и стратешките чекори кои ги преземаме водат токму кон Европската Унија. Тие чекори се за да го кренеме стандардот на достоинствено ниво какво што доликува на секој, кој чесно си ги изразботил своите продуктивни години и треба да ги ужива пензионерските денови исправено и горделиво“, рече Заев.

Министерката Мила Царовска порача дека Министерството посветено работи на обезбедување на подобри услови за достоинствен живот на овие граѓани кои со животното искуство што го имаат се многу значајна алка во општетсвото.

„Македонија е социјална држава која се грижи за граѓаните преку обезбедување на социјална сигурност и пристап до социјалните права. Врвна цел на оваа Влада е што повеќе да ги унапреди и подобри овие права со што ќе го подобри стандардот на пензионерите и ќе им обезбеди достоинствен и мирен живот. Затоа како што растат платите, растат и пензиите два пати годишно“, истакна Царовска.

Пензионерските спортски игри се организираат традиционално веќе 23 години, по повод пензионерското организирање и на нив учестувуваат над 500 пензионери од здруженијата на пензионери ширум земјата.

На отворањето на игрите се обратија и Салтир Каровски, Претседател на ИО на СЗПМ и претседателот на ЗП Радовиш и Конче, Јиордан Костадинов. Присутните ги поздравија и градоначалниците на Радовиш и Конче Герасим Конзулов и Благој Илиев.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести